АНТИЧКАТА ШКОЛА ПЕЛА

Пишува: Ванѓелко Лозаноски
“Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот.“
Македонската, античката школа Пела, научниците ја премолчуваат, но сепак низ историските извори ни даваат драгоцени податоци за нејзиното успешно работење, од основање, наставата, наставната програма, наставниот кадар, предметите, без поконкретни објаснувањеа. Посебно внимание на античките македонски училиштата и школите им посветува Ангелина Маркус, со посебен осврт на Александриската медицинска школа, која се надоврзува на античката школа Пела, со учебници и наставен кадар од Македонија. Ако не постоеше Македонската античка школа Пела, не можеше да се основа ни Александриската медицинска школа, за која пишува научникот посветен на антиката Ангелина. Таа во втората книга "Македонски древни вредности", зборува за постоењето и работењето на три школи и тоа: МУЗЕУМ, ГИМНАЗИУМ - средно образование и ЛИЦИУМ - виша воена Школа ( која работи во зградите на кралскиот дворец). Таа не запира во нејзиното проникнување на школите од античка Македонија.

 Додека наставата во МИЗЕА и СТАГИРА ја гледа во први УНИВЕРЗИТЕТИ (во времето на Филип и Александар Македонски). Но во нејзините научни погледи не е заборавена престолнината Пела, која за време на Архелај, Филип и и Александар Македонски беше значајно просветно-културно светилиште за светот. Од Пела започнаа да бликаат изворите за низа науки. Ангелина Маркус, затоа ќе потенцира:“ За делото на Аристотел. Тој од царскиот двор успеал да ја моделира севкупната научна мисла...“ Тоа јасно потврдува дека научната мисла почнува од царскиот двор, кој бил лоциран во престолнината Пела поточно од школата Пела, кога работи Аристотел со својата екипа од 40 наставници-соработници. Познато е во светската научна мисла дека Аристотел е учител на Александар. Аристотеловите дела, методи и просветителска дејност во Пела ја организираше македонската научна мисла, која го огреа светот.
 Ние позитивно го восприемаме нејзиното проникнување во античките школи, но сепак дојдовме до нови заклучоци - погледи за училишниот систем во античка Македонија. Потконкретно за мрежата на училишта во Македонија од Пела, таа се ширела во Стибера, Лихнидус, Стоби, Хераклеа, низ сите македонски поголеми градови и населби, особено каде Филип и Александар имале свои кралски дворци. (во секој град си имале свои згради ).Охрабрени од вистината кон нејзините погледи би се надоврзале: дека школата Пела е основа за сите средни и високи школи во Македонија и во оние географски простори до каде се простираше Македонската Голема Држава.

 Школата Пела е корен и за Медицинската школа во Александрија. А од кадарот на школата Пела се основа и библиотека во Александрија подигната од наследнициите на Александар, Птоломеј И, Птоломеј II, кои дел од животот и дел од своето кралско богатство го посветиле на Библиотеката, била вистинска школа за јазичари, поети, граматичари, географи, лингвисти итн. Во ова библиотека-школа се развивале науките од граматиката, литературата, а во тек биле сите природни и општествени науки. Кралицата над Кралевите Клеопатра и посветила големо внимание на Медицинската шккола во Александрија. Таа како кралица над кралевите, со сета своја љубов и знаење се посветила на козметиката. И знаела и умеела како да ја одржува својата убавина.
 Школата Пела има свои корени во настава на Солунската, Брегалничката, Преспанската школа и сите седновековни манастирски школи.
За наставниот македонски јазик во Македонската школа Пела, добиваме податоци од македонските граматичари, а тоа го поткрепуваат и светските граматичари кои се инспирирани од македонското книжевно наследство од македонските училишта и школи.Тие се конкретни и јасни дека Македонскиот антички јазик се разликувал од грчкиот јазик.

Comments