НАСИЛСТВО ВО ДЕТСКИТЕ ВИДЕО ИГРИ

Околу 90 отсто од американски деца на возраст од 8 до 16 играат видео игри, и тие трошат околу 13 часа неделно на игри. Најновата студија смета дека виртуелното насилство во овие игри може да ги натера младите да бидат поагресивни во реалниот живот. Сето тоа е затоа што децата во игрите имаат за цел да убиваат луѓе.
Деца и во САД и Јапонија, кои се изјасниле дека играат многу насилни видео-игри имале повеќе агресивно однесување неколку месеци подоцна, отколку нивните врсници кои не се.
Многу студии поврзани со насилство во ТВ емисии и видео игри, придонесуваат за насилно однесување. И покрај обидите некои држави да ги забранат за деца испод 18 години, нивните барања завршуваат без успех.
Во новите испитувања на, д-р Крег А. Андерсон, од Државниот универзитет во Ајова, вклучени се три групи на деца: 181 јапонски студенти на возраст од 12 до 15,  1.050 јапонски студенти на возраст од 13 до 18; и 364 американски деца на возраст од 9 до 12 години.
Децата од САД доставиле листа на нивни најомилени игри и колку често ги играат. Во помладата група јапонски деца,  јапонската група, истражувачите испитуваа колку често децата ги играат  петте различни жанрови насилна видео-игри (борба акција, пукање, авантура); во постарата група истражуваа за насилство во детските омилени игри, жанрови и време кое тие го поминуваат во играње секоја недела.

Кај јапонските деца, се одразило на нивното однесување во смисла на физичка агресија, удирање, клоцање или тепачки со други деца.
Во секоја група, децата кои биле изложени на повеќе видео игри со насилство  стануваат поагресивни со текот на времето отколку нивните врсници кои биле помалку изложени. Наодите се "прилично добар доказ" дека насилните видео-игри навистина предизвикуваат агресивно однесување. Медиумите исто така можат многу лесно да ги поттикната луѓето на насилни дејствија, посебно децат. Децата сакаат да имитираат акции што ги гледаат на ТВ, без чувство дека тоа е штетно.  




Comments