Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2012

МАЈСТОРОТ ШТО ГО ТУРНАЛ ОЏАКОТ

Еден мајстор му направил оџак на некој човек. На завршување, вечерта, оџакот почнал да се навалува и да паѓа. Мајсторот го потпрел со плеќите за да не падне. Арно ама, плитарите биле тешки, па мајсторот видел дека оџакот ќе падне, бидејќи го направил накриво. Тогаш почнал да вика по стопанот: - Еј, господине, еве го направив оџакот, дојди да ми платиш, зашто ќе го турнам ако не дојдеш на покривот. - Добро мајсторе, ќе ти платам, слези долу, ќе ти платам и натплатам. - Не, овде донеси ми ги парите, или ќе го турнам оџакот - одговорил мајсторот. Стопанот го молел, го колнел, арно ама мајсторот никако не се согласувал да слезе долу од покривот, се поиставил, па тој паднал. Кога тоа го забележал стопанот, му извикал на мајсторот: - Море, зошто го турна оџакот, бре мајсторе, aрно да не видиш! - Нели ти велев да ги донесеш парите овде - му рекол налутено мајсторот на стопанот. - Јас го правев оџакот, јас го турнав! - додал мајсторот. Понекогаш лагата го скрива срамот. Самиот мајстор така се ...

ПИСМО ДО ГОСПОДА

Сиромавиот Спасе поради големата сиромаштија, му испратил на дедо Господ едно писмо. Во писмото напишал дека бил многу сиромав и го замолил да му испрати барем петстотини долари. Кога писмото стигнало во поштата, поштарите почнале да се чудат оти писмото било испратено до Господ. Го викнале шефот на поштата за да го прашаат што да прават со писмото. Шефот го видел писмото и им рекол на поштарите: - Ја отворете го да видиме што пишува. Поштарите го отвориле и го прочитале писмото. Виделе како сиромавиот на господ му се моли, да му испрати барем петстотини долари. - Кога го слушнал шефорт тоа си рекол: Овој мора да е ептен сиромав човек. Тогаш им се обратил на поштарите.- Па ајде, бидејќи дотаму дошол и на господа му се моли, ставете триста долари во писмото и вратете му го на сиромавиот. По некој ден Спасе го добил писмото. Кога видел само триста долари, тој повторно му испратил писмо на господ и во него напишал: Дедо Господе, друг пат немој да ми праќаш пари по пошта, оти тие ми ги кра...

Македонија - место за културен натпревар на народите

Љупчо Јузмески - добитник на наградата ‘Најдобар промотор на Македонија‘во категоријата туризам, извоз и претприемништво.Како што веќе е познато,според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за“Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчевски во категоријата уметност и наука, Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја , и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Наградени или не, Македонците во земјата и надвор од неа,секој на свој начин се стреми да ја промовира својата земја во најдобро можно светло.Сликата на една земја игра голема улога во воспоставување и зајакнување на меѓудржавни односи. Тргнувајќи од таму, промоцијата на секоја земја игра исклучителна улога за развојот на економијата, привлекување странски инвестиции, почит кон културата, јазикот, истор...