Skip to main content

Posts

Showing posts with the label LEGENDS

ЛЕГЕНДИ ЗА СВЕТИ НИКОЛА

Денот на Свети Никола е посеветен на најпочитуваниот светец, Свети Никола и со посебна почит и радост се  слави на 19 декември.  Свети Никола уште во детството бил пример за добродетел и проповедник . Во текот на животот се одрекол од материјалните придобивки и ги делел на сиромашните. Роден во малоазискиот град Патара во 4 век пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција. Од неговиот избор за епископ во Мира, во Југозападна Мала Азија, неговите доблесни дела се намножија. За време на неговото патување до Божјиот гроб, силна бура го зафати бродот и уби еден од морнарите. Свети Никола со нежна и искрена молитва кон Бога го смири морето и го воскресна убиениот морнар.

ЛЕГЕНДА - УКРАДЕНОТО БОГАТСТВО ОД ТУРСКАТА БАНКА ВО БИТОЛА

Во Битола, во турско време, првите векови, имало турски магацин, што бил со злато. Нашите Македонии се собрале, од Турците не могле да живеат. Не им се давало тамо право. Нашите православии се собрале кумити и го запалиле магацинот во Битола. Товариле дванајсе маски злато. И тргнале по сртта битолска и наишле ридовите па дошле во селото Кланков Мост, Kaj Петле. Тука закопале три маски злато и тргнале по ридот нагоре, према Ореше и Папрадишта на Сланик. Останале уште девет маски за да одат, да бегаат за накаја Cкonje, ридовите да ги ванат. Испаднале на Куртовица. Коа испаднале на Куртовица и проденило.

ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Легенда  Си бил некој Новко од Дебар. Новко бил животописец, цртал светци на црквите. Новко еден ден тргнал од Дебар да ja бара истор иј ата на Македонија. Toj дошол во еден манастир. Во манастирот имало владици, nonoj и калуѓери. Toj им рекол: - Cnyшајте вие владици и nonoj, ќе ми кажете кaj се најдува историјата на Македонија? Во манастирот имало некој стар поп. Попот му рекол: - Добро, ќе ти кажиме. На филан место се најдува историјата на Македонија. На филан ден се отвара и се чита историјата. Три пати годишно се чита историјата. Дошло време Новко да замини на пат во филан манастир. Новко патувал долго време. Стасал до филан манастир. - Добар ден брака непознати. Али се надува во ова место историјата на Македонија?

ПЛАТА СПОРЕД РАБОТА

 Си бил еден човек, многу умен. Тој имал три измеќари. Едниот земал двесте грошеви на година, другиот петстотини а третиот илјада. Тие се карале помеѓу себе.     Зошто ти да земаш илјада грошеви? И ти си човек, и јас човек? А тој што земал двесте грошеви велел: -           Ами јас зошто да земам двесте: делми и јас сум човек како вас? Еднаш мајсторот ги чул и ништо не им рекол ама сторил ниет да ги искуси и да им даде сами да ја разберат кој колку чини. Еднаш една вечер во зима тој имал гости.       Тогаш му вели на тој слуга што земал двеста грошеви: -           Донеси една пењушка! Слугата донесува една пењушка и ја носи право на мајсторот. -           Каде да ја ставам? Арно, му вели мајсторот, остај ја таму и постој малку тука. Потоа му вели на другиот слуга што земал петстони грошеви.- ајде – донеси ед...

ПАМЕТ ЗА ТРИ ЛИРИ

Народна приказна Имало некое време еден татко. Тој имал девет синови, сите работни и добри. Дошло време за вршидба, ставиле снопје да се вршат но по селото се расчуло дека во градот се продава памет. Таткото размислил и дури потоа им рече на синовите: Вие вршете, а јас ќе одам в град да видам каков памет се продава. Зел со себе три лири и тргнал. Кога стасал во градот ги прашал луѓето:  Каде се продава памет? Ете тука, му рекле луѓето. Така селанецот влегол во куќата откаршија и гледа еден стар човек. Добар ден старче, ти ли продаваш ум? Јас, - му рекол старецот. – но да знаеш, за еден збор се плаќа една лира. Добро, еве ти една лира, ајде да видам што ќе ми кажеш. – му рекол таткото на старецот. Старецот ја зел лирата и му рекол: Денешната работа за утре не ја оставај! – и замолчел. Толку ли е  старче? Толку, рекол старецот. Ако сакаш друг збор да ти кажам треба друга лира ми да дадеш. Е добро, еве ти уште една лира! Кога ќе се налутиш, изброј до...

НА МАТНА ВОДА ЈУНАК ДА НЕ СЕ ПРАВИШ

Еден ден селанецот со жена му и синовите решиле да одат на гости. Добро, но за да стигнат до роднините, требало да поминат преку река. Кога стигнале до реката, гледаат водата е матна. -           Чекај жено, нека протече матната вода, потоа да ја прегазиме рекава! И баш во тој момент дошол еден Турчин со натоварен коњ. Тој им рекол: -           Што чекате бре ѓаури? -           Чекаме да помине матната вода, па да ја прегазиме реката. -           Хм, се насмеал Турчинот, - задржете ми го коњов, јас да пробам да ја прегазам реката. -           Добро ефенди! Турчинот само што почнал да загазува во реката, водата го однела. Коњот со товарот останал кај селанецот. Кога матната вода поминала, селанецот со жената му и синовите ја прегазиле реката и си напр...

ЛЕГЕНДА ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

"Од што се страшиш и се плашиш, тоа ќе те најди“ Местото кај што е денеска Охрицкото Езеро во старо време било поле со најубави ливаѓе. Близу до градот Орид имало едно изворче, многу длабоко и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува како некоја кутија, што да нема влакно од кај да излези, нити да влезе внатре. Градо Орид бил како некое село и бидејќи немало во градот ни чешма, ни па бунар си лееле вода од изворчето, требало убао да го затвори капако. Не оти за да стои чис изворо, ами еден насиет, што му бил оставен на жените и на мажите од дедо – предедо, да го затворат изворот, оти , ако не го затворат, ќе избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, можеби и селото. Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале и го затворале изворот, чунки сите верувале оти, ако го остаат отворен капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. Од што се страшиш и се плашиш, тоа тоа ќе те најди – што рекле старите, да тоа и нашло и комшиите наши оричани. Се на...

ЛЕГЕНДА ЗА СВЕТА ИРИНА

Постојат неколку различни толкувања за животот и делото на Светата маченица Ирина. Се претпоставува дека таа живеела во првиот век п.н.е и потекнувала од градот Магедон, во Македонија. Според едно кажување таа при раѓањето ја викале "Пенелопа". Уште кога Пенелопа имала   6 години, сите ја заприметувале нејзината невообичаена убавина. Нејзиниот татко Ликиниј изнајмил учител да ја учи од книгата на мудроста уште од раното детство. Уште од тогаш Ирена гаела посебна љубов кон христијанството. Интересен е податокот за тоа дека нејзиниот татко почнал да размислува да ја мажи уште кога навршила 12 години. Еден ден седејќи девојката крај прозорецот,одненадеж долетал бел гулаб. Тој во клунот носел мало гранче кое го пуштил на масата и веднаш одлетал.После еден час, во собата влегол орел и пуштил венче во различни бои и одлетал. За кратко време долетал и гавран кој оставил змија на масата. Гледајќи го сетоа ова, девојката останала вчудоневидена. Го прашала својот учител што може...

ЗОШТО ЉУБОВТА Е СЛЕПА

Еднаш, многу одамна, сите човечки суштества и сите човечки квалитети се нашле на едно скришно место на Земјата.Кога дошла Здодевноста се проѕевнала по третпат, а Лудоста, како и секогаш луда, предложила: - Ајде да си играме криенка! Кој најдобро ќе се скрие, ќе биде победник меѓу сите чувства. Интригата ја поткренала десната веѓа, а Љубопитноста, не можејќи да се воздржи, прашала: - Криенка? Каква е таа игра? - Тоа е една игра, почнала да објаснува Лудоста, во која јас ќе ги покријам очите и ќе бројам до милион, додека сите не се скриете. Штом ќе завршам со броење, тргнувам во потрага и кого нема да го пронајдам, тој е победникот. Ентузијазмот заиграл од радост, а истото го направило и Одушевувањето. Среќата толку скокала што успеала да ги наговори Сомнежот и Апатијата, кои никогаш и ништо не ги интересирало. Ама, не сакаа сите да си играат. Вистината беше против криењето, а и зошто би се криела? И така неа на крајот сите ќе ја пронајдат. Гордоста мислеше дека тоа е глупава идеја, иако...

ЛЕГЕНДИ ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Александар Македонски рекол: Водачот пред битката треба да мисли како да победи, а не за последиците од поразот. Јас претпочитам кратко да горам, отколку долго да чадам. Славата не се постигнува со туѓи раце. Во политиката нема вистина, има само насоки како да се постигне целта. Успехот претставува најголема убедувачка сила. Постојат голем број на легенди за славата, борбеноста на нашиот историски херој, двигател на светот. Па дури и светски познатиот средновековен морепловец и патеписец Марко Поло запишал неколку. Тој е роден некаде околу 1254 година во Венеција. Неговиот татко и чичко биле познати трговци. Поради својата трговија, во 1260 година тие тргнале на пат од Узбекистан за Кина, од каде се вратиле по девет години. По две години со себе го зеле и Марко Поло и повторно тргнале за Кина. Минале низ многу азиски земји. Тие биле првите Европејци за кои се знае дека ги посетиле пустината Гоби и висорамнината Памир. Марко Поло се сретнал со Кублај-кан и се вработил во неговата ад...

ДЕДО ЈАКОВАТА ЧЕШМА

Поради големиот интерес кај голем број од читателите за легендите, еве уште една мошне интересна легенда за чешмата на Дедо Јаков Овој настан се смета дека се случил некаде околу 1875 година. Во ова време живеел дедото Јако во селото Калањево – неготинско. Тој имал четири сина како што народот ги нарекувал – челад во тајфата, радост во куќата. Главно се прехранувал од неколку нивички кои ги обработувал со синовите. Имале и неколку овци. Па така го тркалале некако животот, крпен-трпен. .Се било во ред се додека во селото не навлегле арамиски дружини од Арнаути, Турци кои крстосувале низ блиските планини. Еден од синовите, Фило, бил убаво и стројно момче. Тој најмногу се грижел за овците и често го пасел своето стадо кај местото наречено Габер – Кејна и Вешеглав. Еден ден нему му се смачило па решил да се затскрие под некои сенки и да се одмори убаво. Зел да руча и веднаш потоа отишол до блискиот извор да се напие вода. Токму во тој момент дошле арамии вооружени со пушки и пукале во него...

ЛЕГЕНДА ЗА МАРИОВО

Познато е дека постојат многу легенди за потеклото на името Мариово. Според една од нив се вели дека името Мариово е добиено по некоја убавица Марија. Таа се согласила да живее во турскиот харем но под услов бегот да не врши исламизирање, потурчување на населението од тој крај. Па така и турскиот бег и дал ветување дека ќе го испочитува нејзиното барање и селаните се спасиле од натамошно потурчување и градење на џамии. Во чест на убавата Марија, оваа област го добила името Мариово. Другата легенда вели дека името Мариово доаѓа од верувањето дека пред многу векови таму постоело море за што сведоци се многубројните карпи во облик на школки. Мариовскиот крај плени со својата едноставност, но преубава природа. Мариово е област која крие безброј тајни, легенди, културна оставнина. Таму е и родното место на една од најголемите македонски народни хероини – Калеш Анѓа. Во Мариово може да се најде и најубавата македонска народна носија, најубавите македонски народни песни, митови и преданија...

ЛЕГЕНДА ЗА БЕЛА ИЦА И АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Автор: Ванѓелко Лозановски Момчиња храбри, мудри и умни доаѓаа дури и од најоддалечените места на Македонија, со надеж да се сретнат со Бела Ица, да ја посакаат и да ја земат за свој животен сопатник. Но за жал како доаѓаа, така се враќаа со тага и бол по убавицата – самовила. Некои ја имале таа среќа барем да ја видат оддалеку и со тоа да бидат задоволни и среќни. И со длабок занес да зборуваат за таа магична средба. Бела Ица не беше прикажана само со својата убавина, туку и со нејзината храброст, мудрост и снаодливост. Ретко излегуваше од нивниот имот, а уште поретко се мешаше сред народот. Имаше чудесни желби и копнежи, поинакви од другите, сакаше да шета само по планината, да ги совладува височините и карпите, да трча по падините. Најголема желба имала да јава на нивниот бел коњ. Кога ќе загосподареше ваков копнеж во нејзината душа, се облекуваше во машки алишта, носеше сабја и како комита на белиот коњ јуришаше по планината. И птиците пееја за нејзината убавина, бистрина и ...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА

Зошто некои молитви не допираат до Бога! Постои стара легенда која кажува зошто понекогаш нашите молитви се бесплодни. Во дамни времиња живеел некој старец кој многу се молел и често се грижел за човечките гревови. И му било чудно зошто понекогаш се случува луѓето да одат во црква, да му се молат на Бога, а сепак и понатаму да живеат лошо.“Господе”, си мислеше тој – “Дали Ти одговараш на нашите молитви? Еве, луѓето постојано се молат за да живеат во мир и во покајание, но никако не успеваат во тоа. Да не е, можеби, нивната молитва суетна”? Еднаш со тие мисли потона во сон. И, на негово изненадување, еден Ангел, сиот во сјај, го обвитка со крилото и го понесе високо над земјата. Како што го носеше сè повисоко и повисоко, сè послабо се слушаа звуците од Земјата. Не се слушаа гласовите на луѓето, стивнаа песните, стивнаа звуците. Наеднаш замре сиот џагор на суетниот човечки живот. Само повремено однекаде доаѓаа нежни хармонични звуци, како звуците на далечна флејта. – Што е тоа? – праша с...