Skip to main content

Posts

Showing posts with the label MY VIEW

ИНТЕРНЕТОТ КАКО МЕЧ СО ДВЕ ОСТРИЦИ - ВИСТИНИ И ЛАГИ

“ Новинарството е популарно, но е популарно главно како фикција. Животот е еден свет, а животот виден во весниците друг“ [Ф. Г.К. Честертон] ” Ако во минатото луѓето требаше да патуваат илјадници километри да бидат сведоци на важни настани или да добијат популарност  во јавноста, денес  со појавата на интернетот секоја вест се пренесува во моментот на случувањето. Медиумите играат голема улога во креирањето на имиџот на политичарите, филмските ѕвезди, уметниците од сите области. Дури може да се каже дека се поттикнувачи на разни движења во општествено политичкиот живот на една земја. Сите вести за одреден настан или личност, со секавична брзина се пренесуваат насекаде низ светот , но понекогаш  поради популарност на самиот медум, веродостојноста на информациите треба да се преиспита.  Во денешното опкружување, влијанието и досегот на медиумите станаа исклучително моќни. Медиумите се главното средство за масовна комуникација, доставувајќи пораки до широк опсег н...

ЖЕНАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО ОПШТЕСТВОТО

Eден мал вовед околу жената и нејзината улога во општеството  По повод Интернационалниот ден на жената, 8-ми март, треба да и оддадеме почит на жената, да ја прославиме нејзината храброст и одлучност со која се изборила за своите права за еднаквоста со мажите, за мир, сигурност и потполно почитување на човековите права. Жената која е централна личност во Обединетите нации, која допринесува околу социјалните,економските и политички предизвици околу целата земјина топка. Имено, жената како жена е таа што го носи потомството, а како мајка што е најважно да се потенцира, го носи на свет своето чедо.

И ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, ДОЗВОЛИ МИ ДА ГЛАСАМ

Македонија е земја од која со тешко срце се излегува, земја која не оставила рамнодушен ниту еден што стапнал на нејзино тло. Но економскиот пад, невработеноста, политички причини, геноцид, предизвикани од долгогодишни превирања, војни за национална, културна, политичка и економска слобода си го направија своето. Се дојде до состојба на масовно иселување од својата земја, посебно во шеесеттите и седумдесеттите години. Македонците денес се насекаде во светот, не затоа што сакаат, но затоа што беше неминовно да се бара подобра егзистенција, повисок стандард и задоволување на основните човекови потреби. Но македонецот не би бил Македонец ако го заборави своето минато, своето потекло. На сите континенти каде си оформил свој дом, нашиот човек понесе македонски дух, понесе одлики на чесност, трудољубивост, правичност, свест дека треба и понатаму да се задржи силниот дух на македонското битие, да се твори и живее како Македонец. Македонските иселеници ја понесоа Македонија со себе. Македонцит...

КОЗЕЛОТ ИЛИ ВЛАКНЕСТИОТ ЈАРЕЦ ВО СВЕТОТО ПИСМО, Е АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ

Автор: Никола Ристевски "Ги подигнав очите, и ете: овен стоеше покрај реката. Имаше два рога: двата рога беа високи, но едниот повисок од другиот, а оној повисокиот израсте после. Гледав како овенот боде кон запад, кон север и кон југ. Ниедно животно не можеше да му устои, ништо не можеше да му избега. Правеше што сакаше, се засили. Додека набљудував, ете: јарец доаѓа од запад врз сета земја, не допирајќи ја почвата; јарецот имаше силен рог меѓу очите. Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот.”  ( Од книга на пророк Данило, 8:3-7, Стар Завет) Во видението на големиот пророк, козелот или влакнестиот јарец, во зависност од различните преводи на Светото Писмо, е Александар III Македонски...

"МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА"- ТВ ЕМИСИЈА

Ако по нешто сме препознатливи како народ со свои посебни белези, тоа се секако трудољубивоста, чесноста, достоинството, и нашата богата традиција, култура, јазик и обичаи. Љубовта кон родната земја и потребата да се зачува патриотското чувство меѓу Македонците во Австралија, ги тера да се зафатат со голем број волонтерски активности, како за подобрување на социјалниот живот, така и за медиумско претставување на случувањата во Македонската заедница. Застапени и медиумски во австралиското општество, ни дава посебно можност да го прикажеме и манифестираме македонските обележја. Па оттаму се јавува и потребата од емитување на радио програми на Македонски јазик. На тој начин Македонците се чувствуваат поблиску до својата татковина. Со самото емитување на радио и тв програми на Македонски јазик во Австралија се презентира убавината и посебноста на нашиот јазик во рамките на другите етнички јазици во Австралија. На тој начин се здобиваме и со повеќе пријатели, лобисти за Македонија кои би г...