Subscribe:

Labels

Thursday, February 29, 2024

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секој континент во светот постојат записи за некој период од македонската историја но највпечатливи се записите за случувањата во Македонија за време на илинденското востание. Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата. На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата за самостојност.Македонското население живеело како под саач, изолирано од надворешниот свет. Единствен надворешен свет биле посетите на некои научници, патешественици од Западна Европа, Русија. Враќајќи се во нивните татковини, тие отворено во печатот пишувале за животот на македонското население. Интересни се нивните записи кои остануваат како трајно сведоштво за вистинските случувања во Македонија низ минатото. Посебно заслужува внимане начинот на кој ги гледале и интерпретирале настаните и животот во Македонија во 1903-1904 година. Рускиот публицист Рејнхелит Николај Николаевич – ‘Македонија не е голема, но претставува етнографско шаренило на едно место! Не можете да направите разграничување ниту по националности, ниту по аспирации, ниту по богатство, ниту по сиромаштија. Сето ова е во едно купче, во пределите на еден ист санџак, на една иста каза. Тука мирното население, тука се заговорниците, тука се ограбените и ограбувачите. Да имаше ред, - заклучува тој- колку би цветала земјата‘ ??? Навистина вредна забелешка, и ден денес ако некој странски патешественик случајно помине низ Македонија, не е чудо истото да го забележи. Историјата како да ни се повторува. Англискиот публицист хенри Ноел Брејлсфорд пак се прашувал и бил исправен пред дилемата дали Македонците се Срби или Бугари? Според него – ‘Тие не можат да бидат Срби бидејќи нивната крв одвај е чисто словенска, а исто така тешко и дека се Бугари бидејќи при своите освојувања Србите оставиле многу српска крв во нивните вени. Тие веројатно се она што биле пред постоењето на бугарската и српската империја – словенски народ кој потекнува од различни стебла. Ако се потпреме на српските и на бугарските јазични особености, ќе забележиме дека македонскиот дијалект не е ниту едниот ниту другиот. Македонскиот народ, заклучува Брејслфорд, ‘би бил среќен ако беа постојаните закани на насилство и измами‘ Познати светски историчари запишале:Античките Македонци секогаш се нарекувале Македонци, што всушност и биле. Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови. Македонијо, татковино моја, ти се роди цар кој ќе ги надмине сите други пред него, со кои ти од памтивек си се гордеела! Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина. А запис за периодот веднаш по илинденското востание оставил англискиот публицист Хенри Ноел Брејлсфорд (1873 -1958). Тој бил поддржувач на националноослободителното движење во Ирска, во Индија и во Египет, а особено на Балканот. За време на првата светска војна, бил на чело на пацифистичката Лига на демократскта контрола. Во Македонија доаѓа веднаш по Илинденското востание, како член на Хуманитарната помош за Македонија. Тој покажал големи симпатии кон македонскиот народ. Низ Македонија патувал пет месеци и благодарение на неговиот статус на хуманитарец, имал можност да се движи насекаде, придружуван од својата сопруга. ‘На крајот, иако нашата работа беше чисто добротворна, иако ја избегнувавме политиката и настојувавме да им помогнеме на луѓето од сите народности и вери подеднакво, не можевме да ги одбегнеме сомневањата и непријателствата што растеа во атмосфера на нечесност и интриги.За да се избегне политиката на земјата, таа треба прво да се проучи.

Sunday, February 25, 2024

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВА КНИГА - "ЈАНКО УЗУНОВ - ТОЈ!...СИОТ БЕШЕ МУЗИКА" ОД ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА ПАРГО

ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА ПАРГО:Јанко заслужува и голема биографска книга!

"Тоа што сметам дека е една од најголемите легенди на Македонија, уникатен и посебен и дека многу луѓе, особено помладите генерации, треба да ја запознаат неговата вистинската вредност и величина, а најмногу затоа што многу работи како да останаа недокажани."- Валентина Парго 

MT - Веста за вашата книга за Јанко Узунов навистина ја примив со воодушевување. Ги сакав неговите песни затоа што беа во македонски дух создадени и допираа до душата на човекот. Кога патував за Австралија во истиот авион беше и Јанко со Жаклина и ми оставија впечаток на добри пријателски расположени луѓе. Исто со нас беа и Драган Мијалковски и Ранко Рангелов.

Валентина - Мило ми е што ве израдува книгата "Јанко Узунов - ТОЈ!...сиот беше музика!", што ја објавив неодамна. При нашата прва средба, ветувам ќе ја добиете лично. А за Вашето заедничко патување со авион, неговата Жаклина многу убаво се сеќава, на турнејата во 1993 година, на која со нив биле и Драган Мијалковски, Ранко Рангелов и Марија Зикова. Инаку, не познавам некој кој го сретнал а нема најубави спомени со славниот пејач, но и со неговата сопруга, без оглед дали го знаел добро, се дружел или само се запознал, тој беше извонреден пред сѐ како личност и оставаше неверојатно смирен, топол и срдечен впечаток. Просто не познавам некој кој го сретнал, а не му се одушевува.

Monday, February 19, 2024

ОБЈАВЕНА ОДЛУКАТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРЛИЧЕВА НАГРАДА


Во Сиднеј по повод наградниот конкурс за Прличева награда за 2023 година:

За минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда што Литературното друштво „Григор Прличев“ традиционално го организира за последните 46 години, пристигнаа 39 дела. Жири комисијата составена од Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Дијана Јовчевска, одлучија да им доделат награди на следните творби:

Поезија за возрасни

 1-ва награда: Песна за Битола - Шифра: нема (Ристо Галевски од Сиднеј)

2-ра награда: Споменик на љубовта - Шифра:нема (Наум Трајчески од Квинбијан)

3-та награда: Туѓина ќе одам - Шифра:Мајкаша (Наум Трајчески од Квинбијан)

 Поезија за деца

 1-ва награда: Лакомост - Шифра:Радосно внуче (Гроздан Јовановски од Љукастел)

2-ра награда: Желба - Шифра: Сон (Гордана Димовска од Мелбурн)

3-та награда: Пресликување на годините – Шифра: Зима (Оливера Јовановска од Мелбурн)

 Раскази за возрасни

 1-ва награда: Баба Илина - Шифра:Декември (Гордана Димовска од Мелбурн)

2-ра награда: Мајка - Шифра:МЕНДУС-34 (Џорџ Гроздановски од Сиднеј)

3-та награда: Ноќва мислам на него - Шифра:Кралица без кралство (Оливера Јовановска од Мелбурн)

Saturday, February 3, 2024

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ЗА ПОЕТСКО И ПРОЗНО ДЕЛО НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" КВИНБИЈАН НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС АВСТРАЛИЈА ЗА 2023 ГОДИНА


Жири комисијата во состав на Билјана Петрова ( претседател ), Наташа Ѓоргоска и Снежана Димитровска ги објави наградените од :
КОНКУРСОТ НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" ЗА 2023 ГОДИНА.
По распишувањето на Конкурсот Поетска манифестација " Награда " В. Николески за 2023 година за најдобар расказ и песна, пристигнаа 55 песни и 21 расказ од 59 автори од сите краеви на Македонија од странство и од тука од наши локални автори од Австралија.
Еве токму во оваа пригода, почитувани автори Вие ги посеавте, вашите омилени стихови и доживувања во далечна Австралија преку мостот на поезијата што се вика МЛД" ВАНЧО НИКОЛЕСКИ"
Доделувањето на наградите ќе се одржи во недела на 25 ФЕВРУАРИ 2024 со почеток во 12 часот напладне.
КАТЕГОРИЈА ПЕСНИ ОД АВТОРИ НАДВОР ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Јасмина Јошевска Скопје Македонија
" Составено и оставено"
Втора награда: Божана Тренческа Прилеп Македонија
" Кога патувам"
Трета награда: Славко Крстевски село Слепче Демир Хисар Македонија
" Еј, Македонијо"
КАТЕГОРИЈА РАСКАЗИ ОД АВТОРИ НАДВОР ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Божана Тренческа Прилеп Македонија
" Мојот утрински чај"
Втора награда: Мила Спасенцова Љубанци Скопско Македонија
" Волшебното патување на Стефан"
Трета награда: Блажо Стојаноски Прилеп Македонија
" Судбина проклета, проклета да е"
ПОСЕБНА НАГРАДА ЗА ОРГИНАЛНОСТ
Митре Мангоски Радождански Охрид Македонија
за песната " Индиго"
КАТЕГОРИЈА ПЕСНИ ОД АВТОРИ ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Емилија Тодорова Сиднеј Австралија
"Скопје одново"
Втора награда: Емил Попорданоски Мелбурн Австралија
" На сон посакав"
Трета награда: Наум Пауноски Џарабомбара Австралија
" Спомени"
КАТЕГОРИЈА РАСКАЗИ ОД АВТОРИ ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Гордана Димовска Мелбурн Австралија
" За тебе мајко"
Втора награда: Љубица Поповска Мелбурн Австралија
" Приказната на Вера"
Трета награда: Нове Младеновски Мелбурн Австралија
" Забеганиот Дедо Ное"

Saturday, January 27, 2024

МАКЕДОНИЈА НИЗ ВРЕМЕТО

Земја на исконот, земја каде се е во вистинска големина, и архитектурата и луѓето кои се живи паметници, и се најефективна демонстрација на своите потомци.

Уште во 1840-тите години Македонија била предмет на проучување од страна на безброј светски патеписци, истражувачи кои со нескриено задоволство забележувале за природните убавини но и настаните на Балканот под отоманска империја.

 Така во 1858 година, Австрискиот конзул Вон Хан пропатувал низ Македонија за да забележи дека постојат премини низ планиниските масиви за кои претходно географичарите сметале дека го делат Балканскиот полуостров. Ова негово истражување било доставено до Империјалистичката научна академија во Виена и го поттикнало планирањето за инфраструктурната мрежа, односно изградба на железничка пруга од Централна Европа до Егејот. Со тоа им се олеснило патувањето на сите оние заинтересирани да ја посетат и истражуваат Македонија и како што велат, да бидат во центарот на вниманието.

Sunday, January 21, 2024

ОНИЕ ШТО НЕ ЗНААТ ДА ЧИТААТ НЕ КРАДАТ КНИГИ, А ОНИЕ ШТО ЗНААТ, НЕ СЕ КРАДЦИ

72-годишниот продавач на книги, Мохамед Азиз, од Рабат, Мароко, поминува од 6 до 8 часа дневно читајќи книги. Toј има прочитано преку 5000 книги на арапски, француски и англиски јазик, Тој е најстариот продавач на книги во Рабат каде продава 43 години и тоа на истата локација. На прашањето за оставање на неговите книги надвор без надзор каде што потенцијално би можеле да бидат украдени, тој дал многу мудар одговор: Оние што не знаат да читаат не крадат книги, а оние што знаат не се крадци.


Macedonian Timeline Australia

Saturday, January 6, 2024

АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ЧИСТИ МАКЕДОНЦИ - ДИМИТАР ВАСИЛЕВ - МАКЕДОНСКИ

Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Македонци: „...И jа понаучете си малце историjата ... и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, тие не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, не се согрешиле некогаш толку та да зине земјата па да ги голтне“ (в. Македонија од 16.02.1871)
Димитар Василев Македонски ( 1847 - 1898 во Цариград, денешен Истанбул) — македонски преродбеник, просветен деец и учебникар. Роден е во селото Емборе, Кајларско, Беломорска Македонија во 1847 година.

Macedonian Timeline Australia