Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2026

111 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

На 22 април 1915 (10 април стар стил), патувајќи од Мелник за Неврокоп, на Пирин Планина е организиран петтиот атентат врз Јане Сандански, од слугите на бугарскиот двор – врховистите. Точно пред 111 година, на 22 април 1915 година, Јане Сандански беше убиен во заседа на патот од Мелник кон Неврокоп, денешен Гоце Делчев. Телото на застреланиот Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан паша и Старикот (18 мај 1872 – 22 април 1915), до Роженскиот манастир го пренеле луѓето од еден караван, кои го пронашле, а неговите следбеници – Пиринци го погребале зад олтарот на црквата „Свети Кирил и Методиј“, како што се погребуваат владици и високи црковни великодостојници. Војводата Јане Сандански како стакнат македонски револуцинер и раководител на Македонската револуционерна организација – ТМОРО-ВМРО..почива под раскошната крошна на еден стар костен, на околу дваестотини метри пред Роженскиот манастир во Пиринскиот Македонија.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ПРАЗНУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН ВО МАКЕДОНИЈА И КАЈ МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА За православните христијани во етничка Македонија и во македонското иселеништво ширум светот Христовото воскресение Велигден е празник кога се слави победата на животот над смртта, светлината над темнината и кој преставува Божји дар, вистинска радост која ни го осветлува патот на недежта, љубовта, мирот, радоста и среќата во животот. Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во  Република Македонија и кај македонското иселеништво ширум светот  започна на Велики четврток  со бојадисувања на велигденски јајца, на Велики четврток започнува празнувањето на Велигден, а на 12 април во сите православни храмови се одржуваат свети Велигденсии литургии. Велики четврток е еден од најзначајните денови во Страсната седмица, ден исполнет со длабока духовна смисла и сеќавање на последните моменти од земниот живот на Исус Христос. Во центарот на одбележувањето е Тајната вечера, на која Христос го воспоставил едно од најважнит...

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК НА РОМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Се претпоставува дека во светот има 12 милиони Роми, иако според некои тврдења тој број е само за Европа. Ги има низ сите европски држави, во Азија, Африка, Австралија и во Јужна и Северна Америка. Најмногу се населени во Турција, околу пет милиони, по што следат Романија и Шпанија со по 1,5 милион, Унгарија со еден милион, Бугарија со 700.000 итн.   Во Македонија, Ромите се една од малцинските етнички групи. Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66 отсто од вкупното население. Општината Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот јазик е официјален јазик, покрај македонскиот. Исто така, Македонија е единствената земја во светот каде со Уставот од 2001 година, Ромите  се признати како народ.   Тие го слават Меѓународниот ден на Ромите - 8 Април. Тој се слави, речиси, во сите места во Република Македонија. Од 2007 година Владата на Република Маке...

ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА „ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО“ ВО СКОПЈЕ

Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Република Македонија Католиците традиционално го слават во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. По тој повод во саботата на 4 април 2026 година се одржа света Велигденса литургија која ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на бројни свештенослужители и Црковниот хор од Католичката црква. Според историските податоци, Католичка црква во Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза, а била изградена во 19 век. Во неа постоела богата верска и духовна активност, за што сведочат спомените на Мајка Тереза, спомените на нејзините роднини и пријатели, како и бројните фотографии и документи..  Верската хроника за црковниот живот во Скопје забележува дека првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 1550 година. Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната катедрала „ Пресвето...