Skip to main content

Posts

Showing posts with the label ANNOUNCEMENTS

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА

Македонското литературно друштво Кочо Рацин - Мелбурн ќе одржи промоција за две книги од Јагода Здравеска Котеска. Романот  Љубов по слика  и биографско-етнографската сторија  Велика.  Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември во просториите на  Yarra Plenty Regional Library (YPRL) - Mill Park Library од 14.30 - 16.30. Настан кој посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за овие две најнови дела на Јагода Здравеска - Котеска и да си набават примерок од книгите.  Во романот преовладува тема од печалбарскиот живот на Македонците пред тргнување од родните огништа и по стигнувањето во новата земја во која се соочуваат со носталгија, осаменост, адаптирање на новиот живот. Преку ликовите во романот се отсликува мачната историја на македонскиот народ, страдањата, последиците од војната. Нејзината приказна се простира на 786 страници.  Книга  Велика  -  Низ оваа етнографска сторија опишани се многу елементи од животот и обичаите на семејството...

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА - FOOTSCRAY 2022

Традицијата не згаснува, само продолжува!  Македонската организација на Заедницата MACO со голема радост соопштува и ги известува сите слушатели дека на 30 октомври 2022  ќе го одржи најголемиот и долго очекуван Македонски фестивал на храната. Местото на одржување е Footscray park на адреса 40 Maribyrnong Blvd , со почеток во 11.00 часот . Се покануваат сите Македонци од Викторија да земат масовно учество и да го поддржат и посетат фестивалот. На едно место ќе можат да видат стари традиционални носии, голем избор на македонска литература и секако да вкусат исклучително убави традиционални македонски јадења, подготвени од светски познат готвач од Македонија. Покрај традиционалните јадења посетителите ќе имаат прилика да уживаат во богатата културно уметничка програма, во која ќе учествуваат голем број пејачи од нашата заедница,  со свои и со македонски оригинални песни. Македонските културно уметнички друштва од Мелбурн и Нов Јужен Велс, ќе настапат со специјално...

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПОЕТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА "СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО"

 Интернационалната поетска манифестација "Сплоти се Македонијо"  и оваа година ќе се одржи  online  и упатува покана до сите љубители на пишаниот збор да се сплотат преку стих и убава поезија. Упатуваме покана до сите писатели и сите поетски здружениjа ширум светот што помасовно да се вклучат и да ја искажат својата љубов преку стих за нашата татковина, тема на оваа манифестација ќе биде Библиска Македонија . Иако сме негирани во светот но ние преку стих и песна постоиме и тиe самите знаат дека нашата историја е длабока и голема и тоа ги плаши. Една е Македонија и таа е наша родна грутка. Само сонцето е постаро од Македонија и секогаш ќе остане затоа ве повикуваме да бидете креативни да пишувате што помасовно и да ги изразите вашите чуства за вашата родна грутка за вашето огниште. Заинтересираните можат да учествуваат со една песна напишана во Word document, Times new roman, големина на букви 12, кирилица и да ја испратат на email: splotisemakedonijo@gmail.com  ...

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

СООПШТЕНИЕ Македонското писателско друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за  поезија и проза за возрасни и деца: * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА  Услови: * Темата е слободна. Пожелно е расказите да не содржат повеќе од 800 зборови. * Претходно објавени или издадени дела нема да се разгледуваат. * Делата да се испраќаат под шифра и во три примероци, а авторството да се докаже со четвртиот примерок. * За секој жанр да не се испраќаат повеќе од десет дела.  Ќе се доделат по три награди за секој жанр, во зависност од квалитетот на доставените дела. Конкурсот трае до 30 ноември 2021 година.  Делата да се испраќаат до адресата на Друштвото: P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216, со ознака „За Прличева награда“или на емаил dushan@macedon.com Од Извршниот совет на Литературното друштво „Григор Прличе...

АMT од Сиднеј ќе учествува на фестивалот за уметност Discovery Festival

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе земе учество на фестивалот за уметност Discovery Festival со претставата  „Баба се мажи“   Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи“ ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во оптштината Georges River (Сиднеј) што традиционално се организира повеќе години. Закажани се две престави за 11 и 12 ноември во Civic Theatre на оваа комедија од  Душан Ристевски, во режија на Васко Србиновски, во изведба на Јаворка Котевска, Владо Сазданов, Гордана Милошевска, Антонио Нешковски, Татјана Нешковска, Самоил Митревски, а во продукција на повеќе наградуваниот театар АМТС. Исто се планираат други престави за во Рогдаел, Бенкстеон и Волонгонг.

ММД "НИКОЛА КАРЕВ" СО НОВА ИГРАОРНА ГРУПА

СООПШТЕНИЕ 12.07.2016 Македонското Младинско Културно Уметничко друштво “ Никола Карев ” отвора нова играорна група за деца кои сакаат да го изучуваат македонскиот фолклор. Со новата група ќе се започне во вторник на 9-ти август и среда на 10 – ти август. Пробите ќе се одржуваат во Parkwood Green Community Centre  на  88 Catherine dve, во  Hillside . За повеќе информации, сите заинтересирани да се јават кај претседателот на друштвото Аце Петровски на мобилен 0417128641 или Мери на мобилен 0407100907. Со почит: Од управата на ММД “Никола Карев“   Macedonian timeline

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Македонското писателско друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за  поезија и проза за возрасни и деца: * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА