Skip to main content

Posts

Showing posts with the label Language

ПРАВОПИС 4

КАКО Е ПРАВИЛНО??? корекција - коректен - коригира (не корегира) перцепција - перципира (не перцепира) визуелно - визуализира (не визуелизира) актуелно - актуализација ( не актуелизација; важи истата забелешка како во претходниот пример) благодат (не благодет, колку и да ти звучи необично) обожава -   (не обожува)  (восхитува на некого или нешто ,  почитува некого или нешто како божество)

ЗА ВИСАРИОН ДЕБАРСКИ

Пишува: Ванѓелко Лозаноски Висарион Дебарски зазема видно место, поточно врвно место во книжевната активност во Слепченскиот книжевен центар. Со плодната книжевна дејност Висарион се вбројува во најплодните и најзначајните книжевници од Македонија во XVI век. Повеќе од две децении неуморно работи на кннжевното поле оставајќи и на македонската литература значајни дела. За животниот пат на Висарион не располагаме со изворни податоци, но од неговите скромни записи го откoрнaвме неговото родно поднебје — Дебарско: „... Ви- сарион от Дебарскаго прјадела",157) или во друг запис Висарион от Дебра",158) од фрагментот на овие два записи самиог Висарион ногврдува дека потекнува од градот Де- бар. Тој за целиот свој живот е активен книжевник, но премногу скромен во изнесувањето на неговите биографски податоци. Од негового литературно дело слободно може- ме да заклучиме дека бил образован, интелигентен и да руван книжевник. Каде го стекнал своето образование немаме податоци, но веро...

Macedonian language in Australia

MACEDONIAN From the VSL archive Ethnic schools funded by the Macedonian community first started offering the study of the Macedonian language in the late 1960’s. In the VSL the language is available in five centres.Footscray High School was the first secondary school to offer Macedonian at all levels in the regular school program and Macedonian was one of the founding languages at the North Geelong Centres when it opened in 1980.   It took initially a number of years to bring to the parents attention the availability of the language classes at the VSL.   Macedonian became accredited with V.I.S.E as a Group 2 subject in 1984 for a period of five years. Од архивата на Викториското училиште за јазици Македонскиот јазик во австралиските редовни училишта за првпат е воведен кон крајот на 1960 година.  Footscray High School беше првото средно училиште во кое беше воведен македонски јазик во сите одделенија. Во Викториското училиште за јазици  се изучува од 1977 (моја заб...

Македонски јазик засекогаш

Јазикот е основно средство за комуницирање, пренесување на мислата , разбирање меѓу луѓето. Преку јазикот најдобро се идентификуваат националностите, кои се, и од каде доаѓаат. За   Македонија, македонскиот јазик е основно   национално обележје по кое се препознаваме во светот. Секој човек го зборува јазикот во зависност од тоа колку е интелектуално способен. Јазикот се јавува во форма на говор и писмо.   Говорот е врзан за времето, моментот на зборувањето, за средината во која се одвива, како и за учесниците во комуникацијата.   Говорот може да се пренесува на поголема далечина низ просторот и да се чува низ времето. Писмото е врзано за просторот и за разлика од говорот тоа е статично и има траен карактер. Иако е вродена биолошка способност, човекот го учи јазикот цел живот. Низ вековите нашиот јазик помина низ многу фази на своето формирање. Големо влијание на развојот на македонскиот јазик имаа туѓите ропства под кои Македонија потпадна. Со поделбата на ...

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што не опкружува. Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука. Кој сее добрина – жнее добрина. Гатала бабата да нема мраз, а изутрината снег до колена. Водата спие, душманот не спие. Види го прво дрвото, та после седни под него. Едно кројат глувците, а друго крои мачорот. Кој рано рани две среќи граби. Она што не го сакаш за себе не го мисли на друг. Гостинот и рибата третиот ден, смрдат. Магарето на магарето му е подобро од арапскиот коњ. Поубава е чучулигата во рацете отколку тетребот на дрвото. Подобро е никогаш да не се почне отколку никогаш да не се заврши. Помеѓу зборовите и делата, долг е патот. Кој е паметен, не ја става раката помеѓу чеканот и наковалната. Добрите дела тешко одат, а злите ѕвонат како ѕвонци. Вистината е посја...

ГАТАНКИ - MACEDONIAN RIDDLES

Најдрагоцените обележја на македонската нација, името и јазикот секогаш треба да се гледаат како нешто во кое секој Македонец треба да инвестира. Тие се нешто најсвето и највредно, нешто за кое нашите претци животот го дале и го зачувале и кога им беше најтешко. Не е доволно само да го поседуваш богаството , уште поважно е да се негува, и зачува за наредните генерации. Без јазик сме никој и ништо и како што вели Крсте П. Мисирков ‘ Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право . Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! Гатанките се дел од македонското богато народно творештво. Кога нашиот народ немал услови да печати книги на свој јазик, и кога морале да зборуваат на јазик наметнат од окупаторите, поробувачите, ги создале гатанките како еден вид разонода но и натпревар на итрост. Самиот збор гатанка значи гледање во минатото...