Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2013

МУЛТИКУЛТУРНА УЧИЛИШНА ПРИРЕДБА

За крај на оваа учeбна година и одбележување на 20 годишниот јубилеј на Викториското училиште за јазици во Килор Деонс, учениците од сите јазични групи (Македонски, Хрватски, Турски, Грчки) приредија незаборавен настан пред многубројната публика. Тие подготвени од своите наставници, се претставија со рецитали, драматизации, песни, традиционални ора и хумор . Учениците имаа прилика и да ја проследат претставата ‘Алиса во земјата на чудата‘ со Дона Димовска Кантаровска.Преку овие приредби децата докажуваат дека се спремни и сигурни да го зборуваат Македонскиот јазик, да го запознаваат фолклорот, историјата и со тоа да им се развие интересот за понатамошно изучување. Гости на приредбата беа и Генералниот Конзул на Република Македонија во Мелбурн, Австралија - Бети Коруновска како и јазичн иот асистент од Министерството за образование на Македонија, Лидија Нарашанова . Тие ги поздравија  настапите на учениците но и ентузијазмот и посветеноста од страна на наставницте, родите...

МАКЕДОНСКИ ПРАВОПИС

‘Македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација, зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припрадност кон нацијата.‘ - Блаже Конески Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучивање, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови,скратеници,транскрипција , интерпукциски знаци и правописни знаци.Секојдневно читаме електронски изданија на дневни весници, портали, фејсбук статуси каде се воочливи и многу правописни грешки . Да се потсетиме на некои правила во пишувањето  :  ПРЕЗЕМИ , НАМЕСТО ПРЕВЗЕМИ  Пред е, ј не cе пишува никогаш: есен, eлен, еден, грее, пее, знае, знаеја, ние, вие, пиеше итн. Ј не cе пишува вo групата ио: виоp, нашиот, добриот, сиот итн. Ј не cе пишува пред и: змии, судии, трофеи, итн. К...