Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2015

ЗАПИШИ ПЕСНА

Запиши песна  за судбата твоја Запиши песна  коja ќе биде и моја. Да не останат во заборав твоите скриени мечти Твоите лажни ветувања ко извори пусти, Пресушени и полни со лажни зборови клети. Зборови кои како силни бранови се воздигнуваат и талкаат низ срцето кое немирно стрепи. Запиши песна најубава на светот да не остане  зборот недоречен и скриен, Закоравен во душа треперлива, несигурна во себе. Неспани ноќи минуваш крај каминот свиен, Ни совеста не те одминува ниту остава мирен. Од копнежи, пориви и ветувања празни Да остане барем песната запишана од душа Песна да исполни празнина стара , да залечи рани. Да остане песна за спомени драги Да ги  избрише сите нејасни траги.   И кога ново утро ќе осамне низ дождовни капки Ќе осетиш дека некој стои крај тебе Ги гали и милува  твоите црни коси Ги следи во чекор твоите стапки. пробај да разбереш каква порака ти носи. И тогаш повторно ќе се вратиш на старо...

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ ДЕЛА ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

Објавени најдобрите дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2014 година   Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав на   Силвана Трајковска (претседател), Наташа Котевска и Мери Петковска   ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс за Прличева награда за 2014 година   во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“. За сите категории на конкурсот пристигнаа 40 дела од кои се избраа следни дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:

НОВА КНИГА НА ЈАНКО ТОМОВ

Деновиве, во Република Македонија, излезе од печат најновата книга на авторот Јанко Томов: “ Првиот светски конгрес за Македонски човекови права во Аделаид 1990 година ”. Книгата е печатена на А-5 формат со 200 страници, на Македонска латиница, за да ја разберат македонците од етничките делови на Македонија и од емиграцијата, кои не го разбираат Кириличното писмо, а сеуште  зборуваат  со Македонски диjалекти, но истовремено текстовите се напишани и на кириличното писмо на Македонски литературен јазик.