Skip to main content

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ ДЕЛА ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПРЛИЧЕВА НАГРАДА


Објавени најдобрите дела од традиционалниот конкурс за Прличева награда за 2014 година
 Минатиот понеделник, Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Наташа Котевска и Мери Петковска ја донесе својата одлука за прогласување на најдобрите дела од традиционалниот награден конкурс заПрличева награда за 2014 година во организација на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.
За сите категории на конкурсот пристигнаа 40 дела од кои се избраа следни дела како најдобри на кои ќе им се доделат награди:
 Најдобра поетска творба на годината за возрасни:
1- ва награда: „Книга“, шифра бр. 10, од Марија Александрова
2- ра награда: „Живот“, шифра Axius
3- та награда: „Мајка“, шифра Анабел
Најдобра поетска творба на годината за деца:
1-ва награда: „Роденденска“, шифра Кристофер
Најдобар расказ на годината за возрасни:
1-ва награда: „Старо училиште“, шифра Цветови, од Гордана Димовска
2-ра награда: „Селото на мајка ми“, шифра Мојата вселена
Најдобар расказ на годината за деца:
За оваа категорија не се доделија награди
 Се молат наградените лица да се јават на 0425231335 или dushan@macedon.com
да го потврдат авторството и да ги подигнат своите награди.
 Од Извршниот одбор на
Литературното друштво „Григор Прличев“

Најдобра поетска творба на годината за возрасни:
 КНИГА
 Илјадници лисја
Го красат моето тело
Напишани редови
И слики разни.
Прелистувај и читај
Дете мое мило
Во мене да знаеш
Сето знаење се скрило.
Кога во ладната зима
Пред огниште седиш
Читај ме, држи ме в раце
А јас ќе ти збогатам срце.
Ќе ги научиш
Сите светски чуда
Ќе ја проучиш
И подземната руда.
Ќе леташ со авиони
И ќе ги научиш сите
Прекрасни сини води.
Ќе бидеш голем
Горделив човек
На овој денешен век.
Прочитај ме
Не заборави ме.
Носиме в пазуви
Како бесценет камен
И никој никогаш
Нема да ти е рамен.
 Марија Александрова
 Најдобра поетска творба на годината за деца:
 РОДЕНДЕНСКА
 Твојот прв роденден иде
весел и среќен да бидеш.
Утринска роса
да ми те пое.
Месечина сребро
да ти рои.
Во лулка од нежност
да ми спиеш.
Со сончеви зраци
да се миеш.
Дојде во мојот свет мило
во моето топло бабино крило.
Ти си мој насмев дете.
ти си мое лично цвеќе.
 (шифра: Кристофер)

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.