Мои размислувања за животот и осаменоста кои ги споделувам со читателите на МТ - Вера Горгиевска Самиот збор САМ , се состои од три букви, но тие се тешки колку една голема планина. “Сам“ колку е лесно да се изговори тој збор и на него и околу него да се испреплетуваат вљубени во себе си лирски варијации со својата скапоценост како центар. А навистина колку е тешко, тешко и невозможно да се замисли и целосно да се сфати и со крајни последици да се прими таа самотија. Сам – три букви, коишто се изговараат во еден здив а всушност безброј години и недогледани пространства, пустоши, одрекувања, и стравотии од секаков вид без ниедна светла точка. Не ја сакам самотијата која по себе носи голем број последици, ја ранува душата, многу длабоко, повеќе отколку што се замислува.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ