Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2024

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023 Квинбијан НЈВ - вреди да се прочита Дедо Ное на другите им се чинеше малку чуден а на моменти и нејасен. Само неговата сопруга знаеше зошто е таков. Ке науми дедо Ное да напише некој расказ. Првин, подолго време ќе талкаше низ својата меморија барајќи некој интересен настан, доживување, радосен или тажни момент, нешто што го засегнало и не го оставило рамнодушен. Нешто, од ќе може да испадне одржива, убава кратка приказна. Откако ќе го пронајдеше делчето од животот што сакаше да го споделите со јавноста дедо Ное го започнуваше процесот на обликување на приказната што му го преокупираше умот. Следната фаза е префрлање на фрагментите од приказната од неговиот умот во физичкиот свет. Оваа фаза, некогаш беше кратка а понекогаш може и да потрае Дедо Ное е искусен возач - вози рутински и рефлексно. На неговиот ум му е здодевно ама не престанува да раб...