Skip to main content

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски
Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023 Квинбијан НЈВ - вреди да се прочита
Дедо Ное на другите им се чинеше малку чуден а на моменти и нејасен. Само неговата сопруга знаеше зошто е таков. Ке науми дедо Ное да напише некој расказ. Првин, подолго време ќе талкаше низ својата меморија барајќи некој интересен настан, доживување, радосен или тажни момент, нешто што го засегнало и не го оставило рамнодушен. Нешто, од ќе може да испадне одржива, убава кратка приказна. Откако ќе го пронајдеше делчето од животот што сакаше да го споделите со јавноста дедо Ное го започнуваше процесот на обликување на приказната што му го преокупираше умот. Следната фаза е префрлање на фрагментите од приказната од неговиот умот во физичкиот свет. Оваа фаза, некогаш беше кратка а понекогаш може и да потрае Дедо Ное е искусен возач - вози рутински и рефлексно. На неговиот ум му е здодевно ама не престанува да работи во позадината. Одеднаш застанува покрај патот, грабнува парче хартија и ја запишува мислата која наеднаш му дошла во умот. Некогаш во една реченица а некогаш во мал пасус и продолжува со возење. Работи дедо Ное низ дворот или во градината. Ќе се замислеше нешто и право дома, грабнува било какво парче хартија и пенкало и испишува неколку напомени или реченици и пак се враќа во градината. Зад него остануваше уште едно пусулче со навидум неврзана содржина. Ноќ е, ниедно време. Ќе срипаше од сонот гонет од некоја мисла и полубуден ќе ја пренесеше на хартија. Веднаш потоа брзо потонуваше во својот сон. Понекогаш ќе се најдеше со пријателите во ресторан, си потпивнуваа и си правеа неврзан муабет. Наеднаш, станува како забеган: “извинете, морам до тоалет„. По некое време се враќа крај масата како ништо да не се случило а во џепот има уште едно пусулче - камче од мозаикот (расказот). Беше дедо Ное по малку и заборавен. Сопругата, додека чистеше низ куќа ќе ги собереше пусулчињата и ќе ги ставеше на куп во една кутија. Кога ќе открадеше време од секојдневието, посебно кога сопругата не беше дома, дедо Ное почнуваше, хаотично расфрланата приказна низ пусулчињата и парчињата хартија, на која само тој го знае почетокот и крајот, да ја внесува во компјутерот. За него тоа беше како да реди мозак чиј конечен изглед ни тој не го знаеше. Пиши, бриши, поврзувај, разврзувај, препрочитувај, одземај -додавај, процеси што ќе потраат некое време. При тоа приказната добиваше облик, добиваше форма - со еден збор добиваше душа. Оживуваше и се спремаше за пред читателите. Читателите на дедо Ное му се гледаа како незнајни судии и нивната одлука е конечна. 
Како по правило, финалната верзија е многу поразлична од онаа што претходно тлеела во неговиот ум. На реалната приказна и треба јазична редакција, исправки на граматичките грешки, додавање на “проголтаните“ букви и испуштените интерпункции. Дедо Ное ја дотеруваше приказната небарем е млада невеста пред свадба. На крај, ја препушташе приказната на судбината на времето. Некоја приказна ќе биде брзо заборавена, некоја ќе поживее кратко време а некоја може и да го надживее и самиот дедо Ное. Секогаш кога твореше се обидуваше да стави некое зрнце од животот или некое блескаво камче во мозаикот наречен расказ и за идните генерации. ****** Виделината брзо навлегуваше во дневната соба. Новиот ден е на врата. Ја слуша сопругата во спалната како го мести креветот. Веднаш станува од пред компјутерот и го вклучува котлето за кафе. Кога таа влезе во дневната соба, водата веќе вриеше. Го гледа испитувачки, онака загубен во пусулчињата. Не беше изненадена, сепак не се воздржа а да не го прекори: - Пак нешто пишуваш, зар не рече дека ќе правиш подолга пауза? Тој скокна од столицата и молкум го зготви кафето. Не го чувствуваше мирисот на утринското кафе кое најавуваше уште еден прекрасен ден. Умот му беше во компјутерот. - Сакаш да ти го прочитам напишаново? - Ох не, немој сега. Сакам да го уживам кафето. Ме нервира и овој неред околу тебе а и луѓето што зборуваат дека си забегал. Ајде те молам престани малку со пишување – а дедо Ное се надеваше на мало разбирање и подршка барем од својата сопруга.


Macedonian timeline Australia


Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.