Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј е прво од таков вид во дијаспората. Тоа беше формирано на 31 март 1978 година од група ентузијасти и вљубеници во македонскиот мајчин јазик, литературата и културата. Познатиот иселеник, поет, писател, драматург, општественик Душан Ристевски - Македон, како иницијатор заформирањето на Друштвото беше првиот избран претседател на оваа македонска асоцијација во која се зачленети десетици познати и признати почитувачи на убавиот македонски литературен јазик, вљубеници во поезијата и прозата, во публицистиката и новинарството, во зближувањето на македонските доселеници, коишто се активни на полето на литературата. Како резултат на големата љубов кон пишаниот збор, Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ го објави јунскиот бр. 67 што претставува голем успех за Македонците во иселеништвото, особено за Македонците во демократска Австралија.