Како дел од програмата на првиот Мултијазичен фестивал 2024 кој е наречен ФЕСТИВАЛ НА МАЈЧИН ЈАЗИК, актерката Дона Димовски Кантаровски ќе го одигра ликот на Митската Велика, од антологискиот роман Пиреј на Петре М. Андреевски,која исто така е куратор на истоимениот фестивал. Идеjата и целта на ваков вид на фестивал доаѓа од самата себе, желбата да одглуми на својот мајчин јазик на сцената на Австраликиот професионален театар, но да им се овозможи и на сите други актери преку драмата,слободно да се изразат на својот мајчин јазик, да ја промовират својата заедница на која припаѓаат како и заедно да разменуваат нови театарски искуства,културни и традиционални. На овој фестивал ќе се претстават осумнаесет претстави за деца и возрасни, на четиринаесет јазици, преку четири исконски локации во Калтон, Мелбурн. Со само три претстави, Велика ќе можете да ја видите на 22,23 и на 24 ноември, во ЛаМама театарот.