Skip to main content

ПРЕТСТАВАТА “ВЕЛИКА“ СО ДОНА ДИМОВСКИ КАНТАРОВСКИ - ВО "ЛА МАМА“ ТЕАТАРОТ МЕЛБУРН

Како дел од програмата на првиот Мултијазичен фестивал 2024 кој е наречен ФЕСТИВАЛ НА МАЈЧИН ЈАЗИК, актерката Дона Димовски Кантаровски ќе го одигра ликот на Митската Велика, од антологискиот роман Пиреј на Петре М. Андреевски,која исто така е куратор на истоимениот фестивал. Идеjата и целта на ваков  вид на  фестивал доаѓа од самата себе, желбата  да одглуми на својот мајчин јазик на сцената на Австраликиот професионален театар, но да им се  овозможи и на сите други актери преку драмата,слободно да се изразат на својот мајчин јазик, да ја промовират својата заедница на која припаѓаат како и заедно да разменуваат нови театарски искуства,културни и традиционални. На овој фестивал ќе се претстават осумнаесет претстави за деца и возрасни, на четиринаесет јазици, преку четири исконски локации во Калтон, Мелбурн. Со само три претстави, Велика ќе можете да ја видите на 22,23 и на 24 ноември, во ЛаМама театарот.

Режисерка на претставата е Розмери Јонс, заедно со Евангелос Енџи Арабатсис и Милијана Канчар. Фотографија на Дарен Гил. Ја покануваме Македонската заедница да помогнат со нивното присуство. Бројот на седишта и на карти е ограничен. За повеќе информации околу фестивалот и продажба на билети за сите претставите,  посетете ја веб страницата на ЛаМама Театарот или јавете се на телефон: 93476948

https://lamama.com.au/whats-on/festival-of-mother-tongues-2024/




Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...