Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2023

МУМБА ПАРАДА МЕЛБУРН 2023

13 март 2023 - Како и секоја година така и оваа, по 69 пат парадата собра повеќе од сто илјади посетители пред кои продефилираа 1800 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија.  Од 1955 година, оваа спектакуларна парада ги воодушевува Мелбурнчани со своите фантастични плови, џиновски кукли, танцувачки групи облечени во прекрасни носии.   Во 1856 година Синдикатот на работниците излезе со кампања ‘Осум часа работно време‘ во чиј склоп се одржа и масовен марш во Мелбурн. Благодарение на овој марш, работниците се здобија со повеќе права и се изборија за 8 часовен работен ден. Оттогаш па   до денес секој втор понеделник во   март, се празнува  Денот на трудот  во австралиската држава Викторија. На овој ден посебно се потсетуваме на борбата на Синдикатот за здобивање со   економски и социјални достигања на работниците. Официјална декларација за означување на овој ден како национален празник е потпишана во 1879 година...