13 март 2023 - Како и секоја година така и оваа, по 69 пат парадата собра повеќе од сто илјади посетители пред кои продефилираа 1800 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија.
Од 1955 година, оваа спектакуларна парада ги воодушевува Мелбурнчани со своите фантастични плови, џиновски кукли, танцувачки групи облечени во прекрасни носии.
Во 1856 година Синдикатот на работниците излезе со кампања ‘Осум часа работно време‘ во чиј склоп се одржа и масовен марш во Мелбурн. Благодарение на овој марш, работниците се здобија со повеќе права и се изборија за 8 часовен работен ден. Оттогаш па до денес секој втор понеделник во март, се празнува Денот на трудот во австралиската држава Викторија. На овој ден посебно се потсетуваме на борбата на Синдикатот за здобивање со економски и социјални достигања на работниците. Официјална декларација за означување на овој ден како национален празник е потпишана во 1879 година. Во знак на овој протестен марш и ден денес се одржува спектакуларниот фестивал Мумба. Фестивалот секоја година е посетен од стотици илјади жители на Мелбурн и околината а посебно место зазема парадата која вклучува голем број на етнички групи во Мелбурн. Оваа година Мумба парадата се одржа под мотото Магијата на Мумба парадата. Мелбурнчани гордо ја презентираат енергијата и духот која пулсира во овој мултиетнички град.
Magic of Moomba 2023 - Од 1955 година, Мумба парадата ги опчинува срцата и имагинациите на жителите на Мелбурн, и до ден денес ја оживува виталноста и енергијата на овој фестивал. Инаку зборот Мумба (земен од Абориџинска тв серија) значи ‘Ајде сите да се забавуваме‘. Емигрантите кои се доселиле на австралискиот континент имаа можност да го слават нивното културно наследство отсликано преку разнобојните традиционални костими и музички кореографии.
lders and members of the Wurundjeri Woi-Wurrung community perform a smoking ceremony at the Moomba Paradе
Participants: Ambulance Victoria Pipes and Drums,Aspect Motion School of Dance, BAM Arts Inc.,Bollywood Dance School Australia
Burn City Waac,CarDee Dance Studio, Confident Kids Performing Arts School, emotion21, Folk Group Bulgari, Indonesian Diaspora Network Victoria Inc., Janagarjana Dance and Music, Japan Club of Victoria, Kreationz Cheer and Dance, L2R Dance
,Lehenda Ukrainian Dance Company, Melbourne Academy of Performing Arts (MAPA), Shanthi Ramakrishnan - School of Bharatnatyam, Shine Dance Studio, ShowBiz Performing Arts Studios, Spirit of Pasefika,Step in Time Studio of Dance, Street Dance Studios,The Dance Room,The Dance Studio Academy of Performing Arts,Toepaz Dance Studio,Victoria State Emergency Service,Victorian State Youth Brass Band, Vietnamese Community in Australia – Victoria Chapter,Werribee Concert Band, Wurundjeri Woi Wurrung Cultural Heritage Aboriginal Corporation
Macedonian Timeline Australia
No comments:
Post a Comment