Примери каде можеме наместо ангицизми/туѓи зборови да користиме македонски Јазикот треба да се чува и негува во својата најубава форма, но со вметнување на англицизми, србизми, измислени скратени зборови и граматички неточни, го уништуваме македонскиот литературен јазик. Јазикот е симбол на националното постоење, нишка која ги поврзува луѓето и на кои им дава чувство на припадност и почит кон својата култура, традиција, историја, обичаи. Актуелен - сегашен стимулира - поттикнува акција - дејство апликации - поднесоци асимилација - претопување аспект - страна аспирација - стремеж варијанта - можност демантира - отфрли демонстрација - протест дилер - доставувач екипа - состав експерти - стручњаци елиминирање - отстранување стационирани - сместени индикатор - показател инспирација - вдахновение институт - установа интервенција - вмешување интерес - засегнатост, корист инфицирани - заразени Macedonian Timeline Australia
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ