Sunday, May 26, 2024

ДА КОРИСТИМЕ ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ЗБОРОВИ А НЕ ТУЃИ



Примери каде можеме наместо ангицизми/туѓи зборови да користиме македонски
Јазикот треба да се чува и негува во својата најубава форма, но со вметнување на англицизми, србизми, измислени скратени зборови и граматички неточни, го уништуваме македонскиот литературен јазик. Јазикот е симбол на националното постоење, нишка која ги поврзува луѓето и на кои им дава чувство на припадност и почит кон својата култура, традиција, историја, обичаи. 

Актуелен - сегашен
стимулира - поттикнува
акција - дејство
апликации - поднесоци
асимилација - претопување
аспект - страна
аспирација - стремеж
варијанта - можност
демантира - отфрли
демонстрација - протест
дилер - доставувач
екипа - состав
експерти - стручњаци
елиминирање - отстранување
стационирани - сместени 
индикатор - показател
инспирација - вдахновение
институт - установа
интервенција - вмешување
интерес - засегнатост, корист
инфицирани - заразени



Macedonian Timeline Australia

No comments:

Post a Comment