Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Република Македонија Католиците традиционално го слават во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. По тој повод во саботата на 4 април 2026 година се одржа света Велигденса литургија која ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на бројни свештенослужители и Црковниот хор од Католичката црква. Според историските податоци, Католичка црква во Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза, а била изградена во 19 век. Во неа постоела богата верска и духовна активност, за што сведочат спомените на Мајка Тереза, спомените на нејзините роднини и пријатели, како и бројните фотографии и документи.. Верската хроника за црковниот живот во Скопје забележува дека првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 1550 година. Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната катедрала „ Пресвето...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ