Skip to main content

ВЕЛИГДЕНСКО ПРАЗНУВАЊЕ ВО КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА „ПРЕСВЕТО СРЦЕ ИСУСОВО“ ВО СКОПЈЕ


1veli


Најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден во Република Македонија Католиците традиционално го слават во црквата „Пресвето срце Исусово“ во Скопје. По тој повод во саботата на 4 април 2026 година се одржа света Велигденса литургија која ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор д-р Киро Стојанов, во сослужение на бројни свештенослужители и Црковниот хор од Католичката црква.

Според историските податоци, Католичка црква во Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза, а била изградена во 19 век. Во неа постоела богата верска и духовна активност, за што сведочат спомените на Мајка Тереза, спомените на нејзините роднини и пријатели, како и бројните фотографии и документи.. 

Верската хроника за црковниот живот во Скопје забележува дека првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 1550 година. Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната катедрала „Пресвето Срце Исусово“ се наоѓа во централното подрачје на Скопје.

Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната Катедрала „Пресвето Срце Исусово“ претставува катедрален храм и седиште на Скопската бискупија при Католичката црква. Таа е центар на црковниот живот на Католичката црква. Инаку, Скопската катедрала во 2019 година беше посетена од Светиот отец папата Франциск.


Изградбата на денешната катедрала „Пресвето Срце Исусово“ започна во 1975 година и траеше 7 години, до 1982. Бискуписки водител на изградбата беше монс. Антун Циримотиќ. Посебен впечаток во катедралата денес остава витражот, кој е претставен на 12 стаклени панели, дизајнирани со ликовите на 12-те апостоли.

 

Инаку, Католичката црква во Македонија е една црква со два обреда, поради што се вика Католичка, што значи општа, односно заедничка црква. Според тоа, католичките верници и храмови од источен обред во Република Македонија се присутни најмногу во струмичкиот крај, односно, во градот Струмица, во Радово, во Нова Маала, како и во Гевгелија, Богданци и Стојаково, додека католиците од римскиот обред се најбројни во Скопје, Битола, Охрид и во други места.


Во текот на повеќе векови, христијаните во Македонија, како и на другите ближни и далечни простори исповедувале заедничка и општоприфатена вера, што зборува дека и Православната и Католичката црква егзистираат на овие простори од тогаш до денес. Меѓутоа, поради различните култури, начинот на размислување и други причини, поделбата на православни и католици во смисла на верска поделеност, како и во светот така и во Македонија, постои од 1054 година.

Така, во борбата за црковно ослободување од елинистичкото влијание, покрај националниот дух кај македонскиот народ се буди и духот за црковна независност од Цариградската патријаршија. По неуспешното барање сојузник во разни независни цркви, обидот за ослободување од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија завршува со Унијата, односно соединување со Католичката црква во 1859 година

https://sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2026/april/kiro-454636.jpg?itok=9hssvNMH

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор д-р Киро Стојанов

 За одбележување е дека унијатството во Македонија, термин што во последно време е заменет со соединување, се појавило како резултат на општествените, економско-политичките, социјалните, културните, црковните, образовните и други (не)прилики. Затоа, Македонците често се обраќале до римските папи за покровителство преку прифаќање на црковната јурисдикција на Римокатоличката црква, а со цел да се ослободат од Цариградската патријаршија. Својата кулминација ова движење ја постигна во педесетите години од 19-от век.

Инаку, првата унијатска црква, односно Католичката црква од византиско-словенски обред во Македонија, е формирана во Кукуш во 1859 година, позната како Кукушка унија или Кукушко соединување, во која членувале голем број видни македонски преродбеници. Тоа, всушност, било движење за отворање на училишта на македонски јазик, или на јазикот на кој зборувале Македонците во кукушко-солунскиот регион. Унијатството, односно соединувањето било движење за еманципација и ослободување од грцизмот, односно црковно-просветно движење против грцизмот што во тој период имал широки размери во етничка Македонија.

Денешната Католичка црква со источен обред во Република Македонија на чело со бискупот д-р Киро Стојанов е организирана во пет енории и три филијали и тоа: во Богданци, Гевгелија со филијала во Стојаково, Нова Маала со филијала во Чанаклија, потоа Радово, како и Струмица со филијалата во Петралинци.

Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, монсињор  Киро Стојанов им го честиташе Велигден на католичките верници и на литургијата ја прочита воскресната проповед, во која се вели:

Како и во претходните години, така и оваа година, за жал, додека се подготвуваме да го прославиме празникот Воскресение Христово, слушаме вести што ни доаѓаат од еден немирен свет. Светиот отец Лав XIV зборува за овие конфликти како за „рана“ нанесена на целото човечко семејство, која остава лузни врз луѓето со генерации. На Блискиот Исток крвта од минатите конфликти сè уште не се исушила на земјата на која беше пролеана, а конфликтот повторно се разгоре ширејќи се во соседните земји, со епизоди на насилство и уништување, кои шират омраза и страв, што предизвикува загриженост. 


А христијаните во овие земји како „мало стадо“ се обединети во човечко братство со сите луѓе од воено конфликтните подрачја, кои заедно доживуваат тешки искушенија во постојана опасност и неизвесност за своите животи. Среде ваква вознемиреност, папата Лав постојано повикува на молитва за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да му се даде можност на дијалогот во кој може да се слушнат гласовите на народите.


Драги браќа и сестри, и ние сме мал народ во големото човечко семејство, па на меѓународно ниво нашето мислење тешко ќе може да се пробие во „игрите“ резер-вирани само за големите и силните, а како католичка заедница во нашата татковина претставуваме малобројност, па затоа нема да биде лесно нашата заложба за градење мир да продре, но сепак имаме голема сила што може да направи големи работи. Оваа сила е и наше богатство, а тоа е Исус Христос, кој, и покрај нашите несовршености, живее меѓу нас. Тој ни овозможува да бидеме сведоци на надежта и спасението и носители на светлината и правдата во времето во кое живееме. 


За ова сведочат светли личности од историјата на нашата Црква, како што е нашата светица Света Мајка Тереза од Колката, родена тука, во Скопје, која еднаш кога беше прашана што направила „големо“, таа одговорила дека не прави големи работи, туку „мали работи со голема љубов... Она што го правиме е само капка во океанот. Но, без нашата работа океанот би бил посиромашен за таа капка“. Ова е вистината што нè води. 


Ние сме семе посеано на огромно поле, семе што раѓа изобилен плод. Ние сме семе на сочувство и љубов, а преку нас Бог е присутен на овој свет. Следејќи го примерот на својот Учител и Господ, христијаните ја добиле власта да бидат знак за светот во негово име и повикани се да им понудат помирување на сите луѓе упатувајќи ја својата молитва на благодарност кон Бога во името на сите. Како христијани, ние можеме да бидеме светлина за луѓето на нивниот пат кон Бога.


Нека воскреснатиот Господ навистина нè води и нè обликува според Неговата волја за да бидеме вистински сведоци на Оној што умре и воскресна за нас!


На сите вас ви посакувам честит празник Воскресение Христово - Велигден - Христос воскресе!“


Ваш бискуп/епископ

+ Киро Стојанов


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА



1slave 1

 

Пишува:СЛАВЕ КАТИН



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...