Интервју со Гордана Такец
„Јас сум жена која во име на сите, смело, решително и ослободена од сите предрасуди, гордо и одважно пишував за себе, своите љубови, живот, страдања, тешки, мачни, среќни и помалку среќни случувања". - Гордана Такец
"I am a woman who writes on behalf of all women, decisively and free from all prejudice, proudly and courageously. I write about myself, my love life, about life, about suffering, about painful, happy and less happy events - Gordana Takec
Ја сретнав на Промоцијата на романот"5 минути" на Сузана Турунџиева.Таа како промотор а јас како посетител.Одма се препознавме по контактите на facebook. Се случи како да се познаваме цел живот,зашто сме генерациски блиску и интелектуално се совпаднавме во однос на љубовта кон пишаниот збор. Доволно е да се каже Гордана Такец и одма станува јасно за реализирана жена,комплексна во своите ставови и дела. Доста разговорлива и духовно богата во секој смисол .
"I am a woman who writes on behalf of all women, decisively and free from all prejudice, proudly and courageously. I write about myself, my love life, about life, about suffering, about painful, happy and less happy events - Gordana Takec
Ја сретнав на Промоцијата на романот"5 минути" на Сузана Турунџиева.Таа како промотор а јас како посетител.Одма се препознавме по контактите на facebook. Се случи како да се познаваме цел живот,зашто сме генерациски блиску и интелектуално се совпаднавме во однос на љубовта кон пишаниот збор. Доволно е да се каже Гордана Такец и одма станува јасно за реализирана жена,комплексна во своите ставови и дела. Доста разговорлива и духовно богата во секој смисол .
Љубица Поповска: - Повод прогласување за "Жена на годината
2015"од гледачите на "Наша ТВ",емисија"Трета Смена".Од
вкупно 185 емисии,токму 103-тата во која гостувавте Вие бевте најгледана.Што беше тоа што ги воодушеви гледачите и со восхит и почит дискутираа за гледаното
и да Ве прогласат за "Жена на годината2015"?
Гордана Такец: Најпрво,огромна благодарност до моите драги
сограѓанки, дамите Гордана и Љубица, почитуваните Македонки за укажаната можност
ова интервју да се најде на страниците на ценетиот портал,за кој верувам дека е
посетуван и популарен кај многу наши пријатели од далечната но сепак блиска
Австралија.
Што се однесува до признанието"Жена на годината
2015" кое ми е доделено од страна на "Наша ТВ"од Скопје а на
основа на анкетата извршена врз бројноста на гласовите на телевизиските
гледачи,мам да кажам дека тоа признание ми укажа голема чест и ме направи многу
горда .
На таа телевизија се појавив само шест месеци после
излегувањето на мојот прв роман насловен како"Креветот како
триумф".Емисијата траеше цели два и пол часа, а гостин бев кај нашата
популарна, позната и призната Битолчанка,Сузана Турунџиева,која е водител и
уредник на "Втората"и "Третата смена"во Наша ТВ во
Скопје. Сите знаеме дека Сузе е докажан и сестран уметник на македонската
естрада, извонреден вокал и пијанист, писател, а во последно време се пројавува и
како ликовен уметник.Со еден збор мултиталентирана личност кај која од сите
карактеристики и особини,најмногу и прилега епитетот ЧОВЕК.
Заедно направивме извонредна емисија во која времето
одминуваше многу брзо, разговаравме за сите теми што значат живот а воедно и
паралелно со тоа,најмногу се зборуваше за мојот роман. Мислам дека тоа на
гледачите им остави силен впечаток,бидејќи јас, отворено, искрено,без влакна на
јазикот и без никакви задршки,се претставив во сопственото светло, во оргинал, тоа
што сум. Без предрасуди зборував за мојот живот кој е прикажан во тој
роман. Романот е автобиографски и во него е напишана вистината за мене и токму
тоа е фактот што гледачите беа воодушевени. Горда сум на тој роман кој е прв и
единствен од таков вид на овие простори и ме направи мошне популарна меѓу читателската
публика.
Таа емисија беше репризирана а и денес по 20 месеци од
промоцијата на романот се уште луѓето ме запрашуваат, ме препознаваат, ми
честитаат, сакаат да се фотографираат со мене. Ценам дека македонската жена, онаа
која е искрена, чесна,која не е љубоморна на туѓиот успех, се уште романот го
бара, го чита, можеби во некои делови од него препознава сегменти и од
сопствениот живот. Во секој случај, тој роман ме направи многу популарна, и освен во
Македонија низ неколку нејзини градови, беше промовиран и надвор од земјата.
Најуспешна промоција доживеа во Скадарлија во
Белград, каде буквално се распродаде до последното парче иако е напишан на
македонски јазик.
Сепак мислам дека поентата заради која го добив тоа
признание лежи во фактот што многу храбро,смело и отворено проговорив за сите
животни случувања, без никакво воздржување.Во мене жените видоа херој кој ги
сруши табу темите. Впрочем многу жени кога би можеле и имале смелост
да проговорат на начин на кој јас тоа го направив, а притоа би биле сигурни дека
нема да бидат осудени од средината...можеби би постапиле слично!!!
Јас сум жена која во име на сите, смело, решително и ослободена од сите предрасуди, гордо и одважно пишував за себе,своите љубови, живот, страдања, тешки, мачни, среќни и помалку среќни случувања.
Романот го напишав во мигот кога веќе имав расчистено
со прашањето како на него ќе се гледа,бидејќи сепак живееме на ова мало парче
закоравен Балкан.
Но најсилно од се е тоа што поттик, подршка и
охрабрување за да ја напишам оваа животна сторија ми даде мојот татко Такец. Само
ми рече;"Ќерко,ти си силна жена, храбра образована, ти тоа го можеш и само
напред. Ќе пишуваш чесно, искрено, отворено без фалби, ќе ја кажеш вистината за
тебе и за другите. Никого нема да го поштедиш...и романот да се
вика"Креветот како триумф"...Така и бидна...така и се случи неговата
популарност...Седнав и за само 12 дена го напишав.Се отпечати во
печатницата"Графо Пром", сопственост на мојот постар син. и се редеа
успеси. Креветот навистина триумфираше,зашто сега се преведува во Русија на
нивниот јазик а во Турција е откупено правото на снимање од страна на
реномирана и позната продуценска куќа, на основа на која ќе се филмува и ќе биде
снимена серија.
Љубица Поповска: Се покажавте како успешен промотор на најновата
книга на Сузана Турунџиева"5 минути"Од каде ја црпите енергијата и
најдувате да сестрано творите,било на ликовен или литературен план?
Гордана Такец: Енергијата секој од нас ја носи во себе.
По смртта на татко ми, чинам дека цела негова сила и
енергија како да се пресели во мене па и оваа година беше многу плодна и
успешна на професионален план. Откако знам за себе ја почитувам работата. Голем
работник сум, сега во овие последни 4 години, од како сум пензионер, имам и повеќе слободно време.Сепак силата на
енергијата ја наоѓам во животните радости, во децата, љубовта за нив, во
внуците,во убавиот сончев ден. По природа сум непоправлив оптимист и сакам во
се' да изнајдам убавина.Тоа ми го осмислува животот. Домашните работи ги
извршувам во од, рутински и вообичаено како секоја друга жена. А ноќите се мои
,само мои и тоа е најубавиот дел од едно деноноќие во кое се препуштам на
мојата мисла, спомени, сеќавања и така во ноќите пишувам, создавам, креирам и уживам. Многу
сум несреќна и се чувствувам празно, ако некој ден ми помине без напишана
страница,без насликана слика...Тоа е мојот живот. Пишувањето и сликањето се
мојата смисла и цел на сопственото постоење.
Љубица Поповска: Покрај адвокатската работа предававте и Дипломатија
на Славјанскиот универзитет.Како дојде до тоа и какво искуство добивте?
Гордана Такец: Во повозрасни години одлучив да го продолжам своето
образование па се запишав на посдипломски и докторски студии на врвниот
иниверзитет"Тарас Шевченко" во Киев-Украина.За време на животот на
сега покојниот претседател Борис Трајковски,остварив неколку лични и службени
контакти со него, во неговиот кабинет и тој со огромно задоволство ја прифати и
поддржа мојата идеја да отворам приватен факултет во Македонија. Направив и
елаборат кој го изработи тим од стручни и компетентни лица.Се обезбедија и
неколку објекти во кои требаше да биди сместен факултетот.Таа идеја ќе беше
реализирана и денес ќе беше стварност, ако, два месеци до нејзиното реализирање
не се случеше страшната трагедија во која Трајковски го загуби животот.Тоа го
доживеав и како лична загуба, бидејќи и јас и татко ми го загубивме искрениот
пријател кој многу срдечно не пречекуваше во својот претседателски кабинет. Беше
тоа убаво пријателство а неговата смрт многу горчливо искуство. Подоцна станав
професор на Славјанскиот универзитет. Професорската работа е убава, креативна, хумана и плодотворна,а при тоа е и работа во живо. Бидејќи релациите
професор-студент и обратно ги учев и запознав на најстарата светска школа по
дипломатија во Киев со традиција од преку три века.Таму сознав дека од секого
на овај свет може да се научи по нешто.Таму студентот е почитуван, ценет и
ниеден професор на својот студент не гледа од "високо", таму го смета
за свој колега и рамноправен на себе.Убаво и драгоцено искуство е тоа.
Гордана Такец: За 20 месеци напишав 6 романи.
1 "Креветот како триумф"
2 "Будење"
3" 7 минути страст".Овај е првиот еротски
роман на овие простори и јас сум првата жена која во Р М напиша еротски роман.
4"Нашите испуштени нешта"Романот е посветен
на мојот татко кој е приказна за релациите меѓу една ќерка и нејзиниот татко, психолошки
роман со многу трогателна содржина по повод неговото заминување.Во моментов е
многу баран и према овој роман се подготвува сценарио на основа кое ќе биде
снимен документарен филм за животот на татко ми на една од престижните филмски
академии во светот-на академијата за филм во Прага.
Наскоро излегуваат од печат романите
5"Хемија" и
6"Јас сум жена безвремена".
Сите шест романи се автобиографски и се однесуваат на
мојот личен живот.
Во подготовка е романот "Битолските
пуфли"-кој ќе биде биографски роман. Исто така подготвен за печат е и
романот"Жоел-позлатена светлина".Вистинска приказна за една позната
битолчанка, значи биографски роман за животот на една наша сограѓанка, која лично
низ многу заеднички контакти ми го прераскажа својот живот со сите среќни и
тажни мигови, жена која заслужува да биде овековечена.
Со овие 2 последни романи ќе настапам на Битфест 2016
година.
Имам насликано преку 470 слики за време од една
година. Предсмртно желбата на татко ми беше да се вратам на сликарството кое ми
беше голема љубов во време на студентските денови а подоцна ради низа животни
обврски малку го имав запоставено.
Сето ова создавање бара неисцрпна енергија, а неа ја
црпам од себе, од својата желба за создавање, мисла, идеја дека треба да правиме
нешто корисно. И сето тоа го работам со огромен елан и мерак. А силата ми ја дава животот. Каков и да е ,тој е наш,го
живееме еднаш и треба бескрајно да го љубиме. На тоа ме научи татко ми. Се до
својата смрт неизмерно го сакаше животот.
Љубица Поповска:.Дел од Вашата активност е и Хуманитарната работа.Организиравте продажба на Вашите уметнички слики под мотото "Обои го животот"во основното училиште"Коле Канински"во Битола.
Гордана Такец: Да, О У"Коле Канински" го сметам за мое
училиште,бидејќи таму учев јас, таму учеа и моите деца а името го носи на мојот
покоен дедо кој загина во 1944-та, на крајот од војната. Со директорката Лидија и целиот професорски тим имаме
извонредна соработка.
Хуманитарната изложба беше наменета за самите
ученици, односно, нашата замисла беше со собраните средства од продажбата на
уметничките слики да се обнови подот-паркетот во школската спортска
сала. Изложбата беше успешна.Од изложени 80 слики, добар дел ги откупија самите
наставници кои со тоа дадоа позитивен пример, а самата аукција и продажба беше
спроведена преку советот на родители.
Со ова училиште многу често соработуваме. Во неколку
наврати им имам донирано свои книги.Училиштето е наградувано за своите успеси а
неговите ученици многу пати учествуваат на моите литературно-поетски настани и
освојуваат високи признанија.
Љубица Поповска:.Добивте и Диплома за најискрена љубовна песна.Кога и
од кои го добивте тоа признание ?
Гордана Такец: Во Мркоњиќ град-Република Босна ја добив таа диплома и
тоа во тој миг ме направи многу среќна.Наградена беше една моја песна и
објавена на македонски јазик што ме направи многу среќна.Тоа говори дека
уметноста не познава граници и се пишува на сите јазици.Литературата ги
зближува луѓето и не дозволува разлики.
Љубица Поповска:.Освен што пишувате проза,поезија,сликате,уште сте и
поборник на поезијата.Организирате Конкурси за поезија.Од кога и колку ги има
такви.Кажете нешто повеке за тоа.
Гордана Такец: Конкурси организирам многу често и воопшто настани
од поетско литературен карактер. Прв пат
се организираше "Вознес 2014"на 05.12.2014 година.Татко ми тогаш беше
жив и неговиот предсмртен аманет беше"Вознес 2014" традиционално да
се востанови како настан. Во таа прилика беше промовирана
публикацијата"Творечки бранувања" во која со свои трудови и авторство
влегоа наградените автори,беа доделени и награди. На 05.12.2015 година се одржа повторно"Вознес 2014"
со промоција на "Го љубам животот"во чест на мојот татко кој веќе не
беше жив. И тоа беше заедничка публикација на повеќе автори а на самиот настан беа
доделени многу награди на најдобрите писатели и поети, на истакнати поединци и
институции од градот. Се одржаа во 2015 година,17 настани со кои мотото живот и
творештво на Такец беше одбележано на најдостоинствен начин. Се славеше денот на неговото раѓање.Се одржаа"Битолски Митровденски медаљони, Климентова повелба и многу други.
Љубица Поповска: Ваш идол е Вашиот покоен татко, легендата на
македонското новинарство Димитар Димитровски-Такец.Ја основавте и Фондацијата
Такец во негова чест. Како дојдовте на идеја и каква личност беше Вашиот татко?
Гордана Такец: Да.Тој е единствениот човек-маж на светот кој ме
сакаше чисто,чесно,татковски,без никаков интерес и безрезервно и тогаш кога
грешев и тогаш кога го правев горд. Ме сакаше како ќерка, ме разбираше, ми беше
потпора, ми беше рака-водител во животот. Фондацијата ја основав затоа што сакав
да го продолжам неговото дело и да го славам неговото име.Тој тоа го
заслужи. Заслужи и многу повеќе од тоа, предсмртно, побара од мене да исполнам
неколку негови желби. Не сакаше парастоси, класични и на начин како што
вообичаено налагаат верските обичаи. Беше музичар, ја компонира и напиша првата македонска забавна мелодија. Беше сликар, новинар, поет, посател, публицист, беше
боем, голем работник,творец, голем креативец, создаваше цели ноќи,заспиваше во
утрата, работеше чесно, вредно, беше голем хуманист, поборник за вистината. Беше учесник во НОБ, но никогаш не побара боречка
пензија.
Беше огромен човек-човечиште кој со своето творештво
создаде иднина. Мал по раст но голем по душа. Горда сум на него и затоа по
неговата смрт го зедов неговото име Такец. Не за некоја сопствена реклама.Такец
ми е најголемото и највредното наследство од него.Со неговата смрт го изгубив
највредниот и најискрениот другар и пријател,изгубив дел од себе.Го изгубив
човекот чиј совет секогаш беше добронамерен. Неговата критика беше конструктивна
и корисна.
Беше многу современ,модерен,со голема визија,идеја и
мисла и многу напреден.Заврши факултет во Белград а студираше и во
Софија. Зборуваше неколку светски јазици,остави шест сценарија за филм кои не
стигна да ги реализира и во мигот кога заминуваше од овој свет, затоа најмногу
жалеше-за своите незавршени работи.Неизмерно го љубеше животот и неговиот Широк
Сокак, Битола. Денес Такец е Бренд на Широк Сокак.Затоа е основана и Фондацијата
со неговото име. Јас сум претседател на истата, Сузана Турунџиева е уметнички
директор а мојот син Игор Трајковски-фоја е извршен директор.
Игор Фоја е вистински интелектуален наследник на
неговиот дедо Такец.
Писател е ,музичар, има свој бенд и постдипломец е на
светската филмска академија во Чешка,сценарист и многукратно наградуван за низа
уметнички перформанси. Годинава по втор пат ќе се претстави со свои уметнички и
ликовни творби во Лисабон. Верувам дека Такец е горд на својот внук Игор Фоја. Не
беа само дедо и внук,беа неразделни другари. Денес Игор е уредник на магазинот
за култура Магента.
Разговорот со Гордана Такец го водеше Љубица Поповска
Љубица Поповска: Кога се спомене"Перформансите на Широк
Сокак"одма се знае дека се работи за делото на Вашиот покоен татко. Кажете
ни повеќе за неговата љубов за Битола.
Гордана Такец: "Перформансите на Широк Сокак"е капитално
дело и од огромно значење за градот Битола, за Македонија воопшто. Напишано е на
740 страници во А4 формат и тежи цели 4 килограми и рецензирано од пет врвни
рецензенти.Наречено е Библија за Битола.Изобилува со историски и фотографски
моменти за период од околу пет века сметано наназад, забележувања, лични
искуства, истражувања и анализи кои ги правеше мојот татко за целиот свој
живот. Во него пишува за сите настани и ликови кои ја обележиле Битола на свој
начин.За тоа дело кое Такец го работеше три години од страна на научното
друштво доби награда за животно дело.Треба да напоменам дека околу 10 години
пред својата смрт не беше во можност да пишува заради претрпен глауком кој му
го оштети видот, па можеше само силуети да гледа и се движеше со помош на
бастун. Во прво време неговите мисли ги забележуваше мајка ми која беше
исклучителна, племенита и благородна личност, жена домаќинка која целииот свој
живот го посвети на семејството. После нејзината смрт 2008 на тато во пишувањето
му помагав јас, тој ми диктираше а јас забележував.Потоа во тоа му помагаа
волонтери од Научното друштво од Битола.Такец беше исклучителен човек.Се до
мигот на смртта неговиот мозок и меморија функционираа безпрекорно.Имаше чист и
бистар ум и многу течна мисла. Еднаш кажаната реченица за него беше засекогаш
врежана во неговото помнење. А Битола ја сакаше бескрајно.Се што создаде и го
посвети на Битола.Има безброј запишани песни и компонирами музички нумери за
својот град,за Пелистер,за Широк Сокак кој го нарекуваше најубавиот километар
на Балканот.Секој ден го изодуваше пеш со потпирање на неговиот бастун па и
денес битолчани со тага ќе констатираат дека Широк Сокак без Такец не го
личи. Имав само 8 години некаде 1957-та кога му понудија од страна на весникот"Нова
Македонија" во кој беше новинар, да отпатува во Лондон и да стане дописник
за својот весник од престолнината на В.Британија, но тој тоа го одби.Требаше да
заминеме сите заедно,за многу солидна плата, а тоа ќе значеше голем напредок и
корист за него а исто така и поинаков живот за нас децата. Но тој од Битола не
можеше да се оддели и никогаш не ја напушти.Битола беше и остана неговиот град
со кој градеше слава, авторитет, својот живот, град на кој целосно му се
даде. Битола му беше прва љубов и последна.
Љубица Поповска:.Зошто мотото на ф.б."Ништо помало од
слон".Што Ви значи тоа?
Гордана Такец: Во животот преживеав многу нешто. Иако бев ќерка на
еден Такец научена бев од млада да се борам и да се потпирам на самата себе, да
бидам самостојна. Бев најдобар студент на генерацијата,прва дипломирав, прва го
положив правосудниот испит, станав прва жена адвокат во градот. Единствена сум од
сите адвокати во државата која го спаси својот клиент од смртна казна во време
кога таа се извршуваше со стрелање.Бев успешна.
Го трасирав својот пат со работа, труд, одречување. Но
наидував на замки, сопки, љубомора, завист на сите оние подпросечни и некадри, на
болно амбициозни и спремни да газат преку мртовци само за да стигнат до некоја
цел. Бев жртва на интриги, сплетки...сето тоа ме освести, ме отрезни и ме направи
многу цврста.
Ништо помало од слон значи поука за сите
млади, наивни, чесни, чисти и неуки души кои животот може да ги сомеле затоа што
живееме во мошне расипан свет. Ништо помало од слон значи дека не го сметам за
ниво ни едно друго суштество кое е помало од слон а спремно е на
злоба, завера, штета, уништување...патувачко зло...сатана од која треба да се чуваме. Моја лична парола
која ми е формула за опстој...ми ги отвара очите, ме предупредува.
Љубица Поповска: Денешната современа жена со восхит ги чита и
прифати Вашите романи и со нетрпение ги чека идните. Како гледате на тој нов
современ тренд?
Гордана Такец: Ми се допаѓа таквиот вкус на публиката. Луѓето ја
препознаваат вистината и навиваат за неа.Тоа говори дека им е смачено од
љубовни романи со среќен крај кои наликуваат на викенд романите. Моите романи
нудат возбуда, се читаат во еден здив, вистинити се, го сликаат животот кој не е
секогаш убав има тешки и страшни мигови. Читателите ги освоив со својата
храброст, искреност и вистинитост. Моите романи жените ги читаат за два дена а
мажите тајно, никој да не види."Креветот"е продаден во преку 1000
примероци. Го купуваат во Скопје масовно. Имам свои фанови во Прилеп, Битола, Источна Македонија, Белград...Уживам во тоа сознание. Во својот живот имам
напишано 19 универзитетски учебници,збирките поезија'"Меѓу чеканот и
наковалната","Од мојата душа",во три тома"Бакарно
небо",значи преку 7000 страници труд сработен до 2006-тата година, но
востинска слава доживеав со "Креветот..." ,значи го погодив вкусот на
публиката.Таа самата ми покажа што и се допаѓа и што очекува, затоа продолжив во
тој стил.
Љубица Поповска: Содржината на Вашите романи шокира и пленува. Кои се
Вашите романи и како наеднаш добивте храброст и смелост да ги фрлите ракавиците
и да ги погледнете некои аспекти на живеењето од поинаков агол,нагласувајки
дека сето тоа е дел од Вашиот живот.
Гордана Такец: Ракавиците целосно ги фрлив, се соголив до гола кожа. Во
романите зборувам за
љубов,секс,флертови, неверства, отфрлања, напуштања, заљубувања,се што е
живот. После 6 месеци од моето промовирање"Креветот..."стана многу
баран. Вториот роман"Будење" беше веќе готов и кога
"Креветот..."стана славен, дојде мигот на "Будење"да му го
понудам на читателите. Добивав честитки,пофалби, лични исповеди на многу жени
преку телефон и социјалните мрежи и тоа дополнително ме охрабри.
Ме викаа на сите телевизии, во списанија за мое
интервју, ме бараа за рецензент, промотор. Некако одеднаш станав барана,
препознатлива.Во мигот кога расчистив со многу дилеми,а јас сум жена која знае
што сака, отсекогаш сум била спремна да се соочам со секој вид предизвик, свесна
за себе и сопствените можности, во еден миг повлеков линија, направив анализа на
целиот живот, сублимирав се низ кое минав и реков"Време е, сега е
мигот, време во кое отворено ќе зборувам.Се почувствував зрела и имав милион
аргументи во свои раце а дилема ниедна.
Љубица Поповска: .Најавувате уште три романи кои ќе го објавите на
Годишнината од смрта на Вашиот татко. Кои се тие романи и со што ќе не шокирате
овој пат?
Гордана Такец: На денот од годишнината ќе се случат три
промоции.Романот"Хемија"кој говори за машко женските релации во кој
има обработено теми од аспект на тој лажен морал,за луѓето кои проповедаат
чесност, светост, глумат девици, монахињи а всушност се нешто сосема
друго. Моралот има многу лица ,сериозни страни и е сложен сегмент и ако некогаш
неверството беше неморален чин, денес многу други постапки на луѓето се далеку
понеморални...Вториот роман ќе биде"Јас сум жена
безвремена" кој чисто автобиографски е.
Следува романот"Битолските пуфли" за
навистина шокантни вистински приказни за многу жени од градот кои нема да бидат
именувани,но можеби некоја и ќе се препознае.
Љубица Поповска:.Фондацијата Такец и за овој повод го објави
Комкурсот за поезија.Кажете ни нешто повеке за овај поетски настан?
Гордана Такец: Главен белег над овој настан ќе биде промоцијата на
заедничката публикација во која ќе заземат место со свои творби наградените
автори-учесници на конкурсот. Публикацијата е насловена"Битола,момо
ѓиздава"а во неа ќе најдат место автори од цела држава, дури и наши
Македонци од најоддалечениот континент.Темата на авторите е слободна, а
најдобрите автори ќе бидат наградени. Повторно ќе се
промовираат"Перформансите на Широк Сокак". За музичкиот дел задолжена
е Сузана Турунџиева-докажан уметник како и младата Елена Стојчевска-ученичка од
средното музичко училиште во Битола. Следува отварање на ликовна изложба ма
уметнички слики на Сузана Турунџиева во кафето Порта-џез-Битола. Убава можност да се собереме сите
писатели, поети, креативци на едно место, да се дружиме во живо и добиеме импулс
за идни нови предизвици.
На самиот почеток на есента ќе има нов настан,па нов
конкурс,овој пат врзан за денот на раѓањето на Димитар Димитровски-Такец.
Поводи и настани ќе има и други,а на нас останува да
создаваме,да се обидуваме да бидеме подобри, попозитивни и повеќе луѓе, како што
умееше да каже татко ми. Секогаш да бидеме водени од добра мисла.
Разговорот со Гордана Такец го водеше Љубица Поповска
The interview with Gordana Takec - Writing and painting are my world
Interviewer: Ljubica Popovska
Interviewer: Ljubica Popovska
Macedonian timeline
No comments:
Post a Comment