Skip to main content

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА


MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.

 МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа.

Симе -  Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар

Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“.

Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МТ: Имаш многу активности во твојата творечка работа, што што најмногу се издвојуваш?

Симе - Точно така, Јас сум долгогодишен македонски медиумски работник, познат по својата улога како автор, продуцент и режисер на телевизиски и документарни проекти. Најмногу сум препознатлив како продуцент и водител на интервју-серијалот „Лица и дела“ на ТВ Сонце, кој се емитува веќе 12 години и е прогласен за најдобра емисија во дијаспората, а бев прогласен за најдобар продуцент во дијаспората за 2023 и 2024 година

 Покрај тоа, јас сум автор и режисер е на низа документарни филмови („Јад“, „Убава земја“, „Весела долина“, „Тажна земја“), кои биле прикажани на фестивали во Сао Пауло, Москва, Буенос Аирес, Лион, Загреб, Ниш, Амстердам, Панама, Детроит, Сиетл и други. Луѓето кои ве читаат се добро информирани за сета моја работа, успесите но и предизвиците при нашата работа.

.МТ - Која е ваша најнова награда?

Симе -  Добитник сум на признанието „Мајка Тереза“ за хуманост и Цветинова награда за мир

МТ - Сигурно читателите ќе ги интересира и како започна вашата кариера, твојот интерес да влезеш во медиумскиот свет и на тој начин да ја промовираш Македонија

Симе - Јас ја започнав  кариерата уште како тинејџер, на 17-годишна возраст, преку пракса во МРТВ кај режисери како Стојан Стојановски, Никола Новковски и Тихомир Бачовски, учествувајќи во проекти како „Пулсирање“, „Неделно попладне“, „Бушава азбука“ и „Ѕвон“

Во 1990-ите ја основав музичката група „Денс машин“, каде бев водечки текстописец и менаџер, што ми овозможи да го развојам менаџерските вештини преку организирање на настани и промоции низ Македонија и пошироко

МТ - Кажете ми нешто и за серијалот Лица и Дела 

Симе - Да, тоа е нешто поинакво од се друго, со гордост го спроведувам тој серијал на кој јас сум автор и главен продуцент. Овој серијал се емитува на ТВ Сонце веќе 12 години ги претставува најзначајните македонски личности од културата, уметноста, спортот, политиката, бизнисот и науката.

Емисијата била прогласена за најдобра дијаспора-шоу три последователни години, а Симе – за најдобар продуцент во дијаспората за 2023 и 2024 година

Проектот има добиено и признание од Институтот за македонски јазик за континуирана промоција на јазикот и културните вредности

Под брендот „Лица и дела“ спонатно дојде и да покренеме иницијатива за меѓународна поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“, што ги обединува поетите низ светот и веќе седум години наидува на голем одзив.

МТ - Шго е променето досега и како го зголемувате вашиот рејтинг во Лица и дела?

Симе - Во декември 2022 година имаме нова водителка Михаела која со своето искуство и професионалност, го зголеми рејтингот и со радост се гледаат нашите емисии. 

.МТ - Дали има најави за соработка со други режисери во земјата или пошироко?

Симе - Да, гледаме да започнеме соработка со српскиот режисер Емир Кустурица и други големи имиња од Аргентина и САД, како и понуди за учество во играни филмови во Србија

МТ - Како стојат работите околу нови документарни филмови?

Симе  - Во април 2024 година направивме нов документарец за убавините на Македонија, по успешното промовирање на архивскиот запис за „Дебармаалските серенади 2024“

Јас сум автор и режисер на документарните филмови „Јад“ и „Убава земја“, кои беа прикажани на фестивали во Сао Пауло, Буенос Аирес, Лион, Загреб, Ниш, Амстердам, Панама, Детроит, Сиетл и други места.

Во 2021 година го ко-режирав, монтаирав и организирав двете документарни целини „Весела долина“ (убавините на Македонија) и „Тажна земја“ (тематика сиромаштија), финансирани самофинансирачки и снимани преку екстремни полиња, за кои планираа конкурирање на фестивали во Москва и Сао Пауло.

Со мојјата екипа редовно настапуваме на фестивали низ светот и, иако конкуренцијата е голема и често финансирањето е приватно, секој нов проект носи силен мотив за продолжување на промоцијата на македонската природа, култура и традиција

 Како режисер и член на филмски екипи сум работел со Емир Кустурица на документарни проекти, со Бубјошевиќ и Антонијевиќ во Белград, и во домашни остварувања како „Еликсир на љубовта“, „Џган“ и статистичка улога во „Трето полувреме“

Сум соработувал со Драган Бјелогрлиќ, аргентинскиот уметник Едуардо, грчкиот режисер Тасос, романскиот Мунјантами, бугарскиот Павлов и други, вклучително и внукот на Акира Куросава, како и со меѓународни музички продуценти за звукот во документарците (Оливер Хелден, Џеј Ар Кер)

Награди и признанија

„Мајка Тереза“ награда за хуманост (2024) и Цветинова награда за мир, двете за неговата работа како режисер и продуцент на „Лица и дела“ и документарци

Признание од дијаспората за најдобра емисија и најдобар продуцент (2022–2024)

Награди од Институтот за македонски јазик за континуирана промоција на јазикот и културните вредности преку телевизиски и филмски проекти


 МТ - честитки и успеси во вашата понатамошна работа па веруваме дека вашиот труд и ентузијазам со кој работите ќе ви донесе уште повеќе награди кои ќе го китат вашиот творечки пат. 

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.