Skip to main content

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски.

MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност?

Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се сеќавам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш така најдобра ќе биде онаа која при самата монтажа најдобро се вклопува во та целина.

МТ – Каков е патот по кој врвите, кој е рецептот за успех?

Симе - Клучот е во поччита секоја култура носи свои вредности своја култура а ако ги разбереш и се вградиш во филмско дело успехот доаѓа природно. Работата на интернационални проекти ми ја прошири визијата и ми помогна да се адаптирам и напредувам во оваа филмска сфера. Филмот не е лесна играчка за тоа се потребни многу финансии и многу вложен труд многу непреспиени ноќи и консултации со тимот.

Апсолутно Македонија има многу талентирани актери луѓе потребна е повеќе соработка и поврзаност во меѓународни платформи но квалитетот постои.Јас и мојот тим сме доказ дека со напорна работа и вложен многу труд може да се стигне до Берлин Ница Холивуд не постои ништо недостижно се може да биде достижно доколку се работи и вложува труд.

 

МТ – Кои се твои соработници кои би сакал да ги спомниш и какви проекти да очекуваме од вас наскоро?

Пред се добивам огромна мотивација и подршка од моите колеги кои секогаш се тука за мене Гоки Адмир Зоки Даниел луѓе со срце и страст.Огромна благодарност им должам и на златното грло Злате  Антевски како и на Џепиќ кој со својата музика ми помогнаа во клучни моменти и секако Тајчи.Тука се моите браќа Саше и Маце без нивна верба и подршка ништо не би можел да постигнам и мојот тимСаше Зоки Зорана Јоцо Милче Горанчо Цеце Клеа.



Во подготовка сум на нов проект кој е копродукција помеѓу Европа и Јужна Америка.Темата е многу силна и верувам ќе привлече многу внимание ќе откријам ќе се работи со светски актери и секако со светски актер Нешиќ мој брат светски режисер од Лос Ангелес и понатаму не откривам ништо повеќе.Повеќе детали ќе откријам наскоро.

Многу проекти не чекаат соработки низ светот и Балканот ќе откријам започнавме еден проект со Грција една убава приказна која ќе ја преточиме на филмско платно верувам дека со Тасиос грчкиот режисер ќе успееме да го задржиме вниманието на гледачите.Имаме проекти и со Јапонија и тука веќе ќе следи една убава акција со Ли Куросава светски режисер кој ми беше гостин во Скопје и ми предложи да сработиме една убава акција со многу познати актери со светско име.Проектот со Босна со Хаџибегич исто ќе го работиме и таму една убава приказна за немилите настани во Босна размислуваме тоа ќе биде доста трогателно но ќе биде вистинито,потоа следи проектот со германскиот режисер Ханс кој исто така ќе биде врвен проект летово ќе ни биде исполнето со работа многу.



МТ – За крај како и секогаш да завршиме со порака до читателите

Симе - За крај што би препорачал да не се плашат да сонуваат големи  работи да бидат искрени во своите  приказни и да не се откажуваат.Светот сака нови гласови а балканот ги има само треба да проговори тоа е порака за новите режисери.Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина Симе Младеновски.





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.