Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2013

СЕ БАРА БРАЧНА ДВОЈКА ЗА ПАТУВАЊЕ НА МАРС

Првиот приватен вселенски турист, мултимилионерот,Денис Тито најавува нов амбициозен,  план. Овојпат тој сака  да испрати брачен пар во вселената. Инаку, Денис во 2001 година плати   13.000.000 £ за неговото патување до Меѓународната вселенска станица. Неговата мисија има за цел да ги поттикне луѓето за поголемо истражување и осознавање на животот во вселената. Тој вели дека немало пратено луѓе во вселената во последните 40 години и сака ова да биде едно историско патување. Планирано е да се полета во јануари 2018 а патувањето  ќе го чини 1 до два билиони американски долари. Имено, се работи за патување од 501 ден. Избраните кандидати ќе летаат околу Марс и ќе се вратат на земјата. Велат дека условите во вселенскиот број ќе бидат на високо ниво, и набавка на  1360 кг дехидрирана храна која ќе им биде доволно за 501 ден. Тимот се уште работи на обезбедување фондови за ова несекојдневно патување. Не чекајте, пријавете се.

ПОВТОРНО ВРАЌАЊЕ НА “ТИТАНИК“

A встралискиот рударски магнат, Клајв Палмер дојде на идеја да изгради реплика на најпознатиот патнички брод во светот, Титаник. За да ја оствари таа цел и да изгледа се како што беше во 1912 година, тој треба да потроши 195 милиони евра. Наречен “ бродот од соништата “, Титаник остави силни впечатоци не само по својата уникатност, луксуз туку и по големата трагедија што го снајде на првото негово испловување. И ден денес претставува инспирација за уметниците, енигма за историчарите и истражувачите. Титаник 2, според Палмер, ќе биде уште “брод од соништата“, кој ќе се оствари. Ќе има 835 кабини, казино, театар, турси бањи, ексклуивни скали и тераси, болница, и сала за вежбање. Овојпат нема да се потпише декларација дека бродот не може да пропадне како што беше случајот со оригиналниот. Изградбата на Титаник 2 се очекува да биде завршена во Кина во втората половина на 2016 година. И како што популарноста е голема, така и побарувачката на билети за првото патување е далеку од оч...

ЧЕКОРИ ПО СВОЈОТ ПАТ

Треба да се ризикува. Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано. Секој ден Господ ни дава со утринското сонце, еден миг во кој е можно да се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката, во миговите на тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда. .. СРЕЌАТА понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по нашите сништа. Ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата п...