Сите се согласуваат и зборуваат дека од голема важност е да се одржува првиот, мајчиниот јазик. Само на мајчин јазик човек најдобро може да каже она што сака, а на туѓите јазици се кажува само онолку колку што се може. Значи се очекува секој да си го зборува мајчиниот јазик преку кој најдобро се изразува мислата на човекот. Само мајчиниот јазик доаѓа од душа и претставува лична карта, патоказ каде си и каде можеш да бидеш. Јазикот е облека на мислата. Ниту еден друг јазик не може да ја пренесе магијата на емоциите како што може мајчиниот јазик. Јазиците се од најголема важност. Сите луѓе и култури се живи приказни. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури и го наследуваме нашиот генетски состав од оние кои живееле пред нас. Познавањето на овие врски дава основно разбирање за луѓето. Јазикот ни помага да се изразуваме во пишана и говорна форма. Зборуваме преку нашето срце, ум и тело. Активностите за ши...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ