Skip to main content

ЧЕКОРИ ПО СВОЈОТ ПАТ



Треба да се ризикува. Ние навистина го сфаќаме чудото на животот дури откако ќе ни се случи нешто неочекувано.
Секој ден Господ ни дава со утринското сонце, еден миг во кој е можно да се измени сето она што не прави несреќни. Секој ден ние се преправаме дека не сме свесни оти тој миг постои, се однесуваме како божем веруваме дека денешниот ден е сличен на вчерашниот и дека ќе биде сличен на утрешниот. Но, човекот кој со внимание го следи денот во што го живее, го открива волшебниот миг. Тој може да биде скриен во минутите, кога наутро го ставаме клучот на клучалката, во миговите на тишината што настапуваат по вечерата, во илјада и едната дребност што ни се чинат наполно исти. Но тој миг постои. Тоа е миг во кој сета моќ на ѕвездите минува низ нас и ни овозможува да сториме чуда. ..
СРЕЌАТА понекогаш е благослов – но најчесто е освојување. Волшебниот миг на денот ни помага да се измениме, не тера да тргнеме во потрага по нашите сништа. Ќе страдаме, ќе чекориме по патиштата послани со трње, ама сето тоа е привремено и не остава траги. А подоцна, со гордост и со верба, ќе можеме да се свртиме и да погледнеме зад себе. ...
НЕСРЕЌЕН е оној кој не се осмелил да ризикува. Можеби тој никогаш нема да доживее разочарувања, нема да остане без своите илузии, нема да страда како оние кои пред себе имаат сон што го следат. Но кога ќе погледне зад себе (зошто ќе дојде тоа време кога секој од нас ќе погледне зад себе) ќе го слушне своето СРЦЕ како му вели:
- " Што ли направи со чудата со кои Господ ги посеа твоите дни? Што стори со дарбите кои Творецот ти ги довери? Ги закопа во длабока дупка, зошто се плашеше да не ги загубиш. И сега само уште тоа ти преостанува: Сознанието дека ЗАЛУДНО СИ ГО ЖИВЕЕЛ СВОЈОТ ЖИВОТ... "
Тешко на оној што ќе ги слушне овие зборови. Дури тогаш ќе поверува во чуда, само што волшебните мигови на ЖИВОТОТ веќе ќе бидат минато......


 Извадок  од " Крај реката Педра седев и плачев " - Паоло Коелјо

Пауло Коелјо е португалски писател,роден на 24 август 1947 година во Рио де Жанеиро. Тој посетувал језуитско (католичко) училиште. Како тинејџер, Коелјо имал голема желба да стане писател. Откако тоа и го рекол ова на својата мајка, таа му одговорила „Татко ти е инженер, логичен и разумен човек со многу јасен поглед за светот. Дали ти воопшто знаеш, што значи да си писател?“ Барајки одговор Коелјо заклучил дека „писателите секогаш носат очила и никогаш не ја чешлаат косата“ и дека меѓу другото „нивна должност и обврска е никогаш да не бидат разбрани од сопствената генерација“. Кога имал 17 години, поради неговото спротивставување на традиционалниот начин на живот, неговите родители го испратиле во ментална институција, од каде побегнал 3 пати пред да биде ослободен на 20 годишна возраст. За тоа искуство рекол „Не дека тие сакаа да ме повредат, туку не знаеа што да направат... Тие не го направија тоа за да ме уништат, туку за да ме спасат“.

Во 1986 година, Коелјо го изодел патот до Сантијаго долг повеЌе од 500 милји во северо-западна Шпанија, што всушност претставувало пресвртница во неговиот живот. За време на тој пат Коелјо доживеал духовно будење, кое автобиографски го опишал во делото АџилакотКоелјо има издадено 26 книги.

Цитати (позајмено од crnobelo.com)


"Човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне, а вториот кога да запре"
"Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."
"Постојам само јас, а се околу мене е моја претстава"
"Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените."
"Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот."
“Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале."
"Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат."
"Во животот сè си има своја цена."
"Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби."
"Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце."

"Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства."

"Tоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"
“Тајната на среќата се состои во тоа да ги набљудуваш сите чуда на овој свет, ама никогаш да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“
“Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.“
“Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината. Ете тоа е најголемата лага на светот.”
“На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето. Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла.“



Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...