Си бил еден човек, многу умен. Тој имал три измеќари. Едниот земал двесте грошеви на година, другиот петстотини а третиот илјада. Тие се карале помеѓу себе. Зошто ти да земаш илјада грошеви? И ти си човек, и јас човек? А тој што земал двесте грошеви велел: - Ами јас зошто да земам двесте: делми и јас сум човек како вас? Еднаш мајсторот ги чул и ништо не им рекол ама сторил ниет да ги искуси и да им даде сами да ја разберат кој колку чини. Еднаш една вечер во зима тој имал гости. Тогаш му вели на тој слуга што земал двеста грошеви: - Донеси една пењушка! Слугата донесува една пењушка и ја носи право на мајсторот. - Каде да ја ставам? Арно, му вели мајсторот, остај ја таму и постој малку тука. Потоа му вели на другиот слуга што земал петстони грошеви.- ајде – донеси ед...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ