Еден ден селанецот со жена му и синовите решиле да одат на гости. Добро, но за да стигнат до роднините, требало да поминат преку река. Кога стигнале до реката, гледаат водата е матна.
- Чекај жено, нека протече матната вода, потоа да ја прегазиме рекава! И баш во тој момент дошол еден Турчин со натоварен коњ. Тој им рекол:
- Што чекате бре ѓаури?
- Чекаме да помине матната вода, па да ја прегазиме реката.
- Хм, се насмеал Турчинот, - задржете ми го коњов, јас да пробам да ја прегазам реката.
- Добро ефенди!
Турчинот само што почнал да загазува во реката, водата го однела. Коњот со товарот останал кај селанецот. Кога матната вода поминала, селанецот со жената му и синовите ја прегазиле реката и си направиле добри гости. Вечерта се вратил дома и го растоварил коњот. Кога ги отворил дисаѓите што ќе види: биле полни со злато.
No comments:
Post a Comment