Sunday, June 23, 2013

ПАМЕТ ЗА ТРИ ЛИРИ


Народна приказна

Имало некое време еден татко. Тој имал девет синови, сите работни и добри. Дошло време за вршидба, ставиле снопје да се вршат но по селото се расчуло дека во градот се продава памет. Таткото размислил и дури потоа им рече на синовите:
Вие вршете, а јас ќе одам в град да видам каков памет се продава. Зел со себе три лири и тргнал. Кога стасал во градот ги прашал луѓето: Каде се продава памет?

Ете тука, му рекле луѓето. Така селанецот влегол во куќата откаршија и гледа еден стар човек.
Добар ден старче, ти ли продаваш ум?
Јас, - му рекол старецот. – но да знаеш, за еден збор се плаќа една лира.
Добро, еве ти една лира, ајде да видам што ќе ми кажеш. – му рекол таткото на старецот. Старецот ја зел лирата и му рекол:
Денешната работа за утре не ја оставај! – и замолчел.
Толку ли е  старче?
Толку, рекол старецот. Ако сакаш друг збор да ти кажам треба друга лира ми да дадеш.
Е добро, еве ти уште една лира!
Кога ќе се налутиш, изброј до петнаесет, па после да го извршиш тоа што си го помислил! – и пак замолчел. Селанецот се замислил и си рекол: Ми остана уште една лира, да му ја дадам, па што ќе биде нека биде. И му ја дал и последната лира. Тогаш старецот му рекол:
На матна вода јунак да не се правиш!
Така таткото за три лири добил три добри совети. Кога таткото се вратил дома гледа синовите го собрале житото на куп, го оставиле невеано и тргнале да носат други снопје. Тогаш тој им рекол: Не синови, прво ќе го извееме житото, ќе го осбереме во амбарот , а ако остане време ќе одиме по снопје.
Слушај татко, ќе донесеме снопје денес за да бидат готови утре, а утре ќе го извееме житото – рекле синовите.
 Не , не, сега ќе го извееме!
Синовите го послушале таткото, го извеале житото и тукушто го собрале во амбарот, се појавил темен облак и плиснал дожд. Толку силно врнело што ако синовите не го беа дигнале житото, дождот ќе го однесел.
По некое време селанецот се скарал со жена си и ја дигнал раката да ја заколе. Во тој момент се сетил на советот: “Кога ќе се налутиш изброј до петнаесет, па после изврши го тоа што си го помислил“. Тоа и го стори па жената остана жива.


Gordana Dimovska

No comments:

Post a Comment