Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2014

ЗАНИМЛИВОСТИ ОД СВЕТОТ

Дали знаевте дека: Првите чевли со високи потпетици биле направени за мажи - аристократи. Бразил опфаќа 50% од Јужна Америка Индија е земја со најмногу пошти во светот (над 100 000) Во Индија има 200 милиони крави Во Саудиска Арабија нема реки. Првата болница во Нов Зеланд е отворена во 1843 година.  Се додека храната не се измеша со плунка не можете да ја вкусите Човекот  заспива во рок од 7 минути Мечката  има 42 заби Стапалата на човекот содржат 26 коски Мозокот содржи 78 проценти вода Кармините содржат рибини крлушки  8% од луѓето имаат екстра ребро  85% од растителниот свет се наоѓа во океанот Хавајската азбука има 12 букви  Коалите спијат 18 часа на ден Австралија некогаш се викала Нова Холандија. Ова име и го дал холанѓанецот, морепловец Абел Тасман во 1644. Перт е град во Австралија со најмногу ветрови. Во Швајцарија секој човек јаде 10 килограми чоколадо годишно. Макадејмиа се отровни за кучињата. Името M&M's на малите чоко...

ПРАВОПИС 3

Изедначување на согласките по звучност Според тоа дали при образувањето на согласките треперат  или не треперат гласилките, тие се делат на звучни и безвучни. звучни се: б, в, г, д, ѓ, з, ж, ѕ, џ. безвучни се: п, ф, к, т, ќ, с, ш, ц, ч, х. Ако се најде звучна согласка пред безвучна, тогаш таа преминува во безвучна и ќе се изедначи со безвучната- примери: вра бч е - вра пч е , о дк ине - о тк ине , бли зк а- бли ск а , пре дп ријатие- пре тп ријатие, сла дк о- сла тк о , о дт ука - о тт ука, о дт аму - о тт аму , гра дч е - гра тч е.

АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР ВО ДИЈАСПОРАТА, ММД “НИКОЛА КАРЕВ” МЕЛБУРН

Играме и пееме за тебе Македонијо   Македонија е земја препознатлива по својата богата историја, природни убавини но и по македонскиот фолклор кој се пренесува од генерација на генерација. Македонската песна и оро се распространети на сите континенти каде што живеат Македонци. Затоа се формирани културно уметнички друштва во дијаспората да го сочуваат ова фолклорно богатство. Така и во Австралија, Македонското младинско друштво Никола Карев од Мелбурн се формирало токму од тие причини.   Се основа на 12 декември 1977 година во Јаравил со цел да ги задоволи потребите на младите кои имаа желба да го изучуваат македонскиот фолклор, песната и орото.

МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТ ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ МАКЕДОНИЈА ВО ИСТАНБУЛ

Деновиве во Истанбул, Турција под покровителство на организацијата Авраасја Бир Вакфи и Министерството за Надворешни работи на Република Турција се организира манифестација под слоганот “ Турскиот свет и интернационални студенти во Истанбул “ . Оваа година за прв пат учество зедоа повеќе од дваесет држави помеѓу кои и нашата Македонија. Ц ел та беше претставување на нашите држави пред ост а токот од светот .   С екој од нас организираше штанд на кој беа изложени традиционални јадења, народни носии, слики . Студентот Александар Стојчевски од Битола, кој веќе една година студира економија на универзитетот Мармара во Истанбул, со голема радост и ентузијазам и со помош на неколку свои пријатели Македонски Турци, ја организира изложбата за Македонија. Тој изјави: “З аинтересираноста за македонската храна и македонската историја беше огромна, особено ако се земе во предвид дека голем број на луѓе кои живеат во И станбул се иселеници од М акедонија од прв ред или поте...

ПРАВОПИС 2

Потсетување на некои правила во пишувањето ДВОЈНИ СОГЛАСКИ СЕ ПИШУВААТ ВО СЛЕДНИВЕ СЛУЧАИ: Беззабен, беззаветен, беззаконие, беззаконик, иззавитка, иззаклучи, иззакрпи, иззамрзне, иззапали, раззелени. СОГЛАСКИТЕ Д, Т, УДВОЕНО СЕ ПИШУВААТ ВО СЛОЖЕНИТЕ ЗБОРОВИ СО ПРЕФИКСИТЕ ОД-, НАД-, ПОД- ПРЕД-. оддава, оддаде, оддалеку, оддалечи, оддел, одделение, одделеност, оддесно, оддолжи, наддава, наддаде, наддели, поддава, поддржи, поддршка.