Skip to main content

АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР ВО ДИЈАСПОРАТА, ММД “НИКОЛА КАРЕВ” МЕЛБУРН


Играме и пееме за тебе Македонијо

 Македонија е земја препознатлива по својата богата историја, природни убавини но и по македонскиот фолклор кој се пренесува од генерација на генерација. Македонската песна и оро се распространети на сите континенти каде што живеат Македонци. Затоа се формирани културно уметнички друштва во дијаспората да го сочуваат ова фолклорно богатство. Така и во Австралија, Македонското младинско друштво Никола Карев од Мелбурн се формирало токму од тие причини.  Се основа на 12 декември 1977 година во Јаравил со цел да ги задоволи потребите на младите кои имаа желба да го изучуваат македонскиот фолклор, песната и орото.
Започнаа со 30 членови па со голем труд и ентузијазам, се стигна и до бројка од 200 играорци. Со текот не годините голем број на Македонци се иселуваат во други населби на Мелбурн па така и пробите на ова културно уметничко друштво се одржуваа на различни места во зависност од бројноста на Македонците во тие области. И покрај тоа што управите на друштвото се менувале, “Никола Карев“ е секогаш меѓу првите да даде поддршка и учествува во презентирање, афирмирање и одбрана на македонската самобитност. Учествуваат на сите фестивали, изложби, собири, демонстрации кои се одржуваат во Австралија. Значајни се нивните 50 настапи низ Австралија од кои голем број се македонски и интернационални фестивали од натпреварувачки карактер. Гостувале и во Канада и Америка во 1992 година.
Секогаш професионални во своите изведби на традиционални македонски ора, сплетови и народни песни, омилени меѓу публиката каде и да се појават. Посебно се ценети нивните  настапи на најголемата Мумба парада во Австралија, која ја следат стотици илјади посетители и кои се воодушевени од македонските традиционални носии, а нивната игра ја нарекуваат Beautiful Macedonian dance (убавото македонско играње). Освен негувањето на фолклорот, тие воспоставуваат одлична соработка со познати македонски естрадни уметници и организираат концерти во Австралија. Добитници се и на златни плакети за успешно презентирање на македонскиот фолклор од страна на Матицата на Иселениците и Македонскиот национален ансамбл ‘Танец‘.
Посебна заслуга за долгите години на врвот и успешно афирмирање на фолклорот во Австралија има претседателот и кореограф на друштвото Аце Петровски кој веќе 35 години ги води играорците низ тајните на убавиот македонски фолклор и му дава нова димензија на се она што ја прикажува македонската историја и обичаи низ песната и орото. Како резултат на неговата долгогодишна работа, посветеност и љубов кон Македонија, го смислува и  поставува на сцена Александрово оро,кое го презентира времето на нашиот најголем војсководец Александар Македонски и борбата на неговата фаланга.  Од управата велат: Да се носи името на првиот Македонски претседател, претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не е само чест туку и голема обврска. Имаат гостувано во Македонија во 1982, 1986, 1994, 2003 година од каде понесоа прекрасни впечатоци и така се надеваат да биде и овој петти пат на турнеја низ Македонија.
Со нетрпение ја очекуваат оваа турнеја под слоганот “Играме и пееме за тебе Македонијо“ во Македонија каде ќе имаат бројни настапи низ повеќе градови во Македонија и со голем број на гости, познати македонски естрадни уметници. Освен планираните настапи, ќе одвојат време и за посета на историското Крушево, манастирот Св Јован Бигорски и многу други убави места.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Големата група
Први места на October Fest  од 1993  до 1996.  Второ место во 1997. Потоа во 1998 се до 2001 повторно добиваат прво место.
Први места на ‘Илинденски фестивал‘ во 1988 &1989, 1991-1992, 1993, 1995,1997,1999, 2001,2004, 2006-2007.
Први места на Австралиски Мултикултурен фестивал во 1987,1988,1989.
Второ место на Вик Етно Фест во 1993 а во 1994 добиваат прво место.
На Пикоало Сполето Фестивал – добиваат прво место во 1984.
Safeway new faces (Channel 9 tv) 1982 освојуваат трето место.
Признанија и награди на Играорци испод 15 години
Австралиски Мултикултурен фестивал 1989 – прво место
Мacedonian junior festival – први места во 1991, од 1994 до 1998  и 2000. Втори места во 1992 и 1999.
Играорци до 12 години: први места од 1993 до 1996.
Од 49 настапи “Никола Карев“ има добиено 41 прво место, 7 втори места и 1 – трето место.
Честитки за нивните огромни успеси во изминатите години и им посакуваме уште многу да следат понатаму како и промовирањето на македонското оро и песна во Австралија.



Text: Gordana Dimovska

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...