Автор: Розита Христовска Кога ќе ми видиш тага во очиве, молчи и не прашувај што ми е, само дозволи ми да ја потпрам главава, на твоето рамо малку да се успокојам, и уште молчи, долго молчи, така остави ме, и онака само ти знаеш што ми е... Нека трае долго тој невин допир, мојата глава припиена до твоите гради, ете, тоа е она нежното што ме смирува, кога ме галиш како да сум дете расплакано, е, тогаш не терај ме да ја кренам главата, не сакам да ми ја гледаш тагата. Само позајми ми малку топлина, ќе ти вратам стопати по толку, само нека ми помине тагава, иако не знам колку долго ќе трае, белки не се вгнездила во мене засекогаш, зарем издајничката до крај во мене да чмае.