Skip to main content

НОВА ДРАМА НА АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

AUSTRALIAN-MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY Inc.

АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

СООПШТЕНИЕ
ДОКТОР ЖИМИ МАЈКА – DOCTOR DODGY
КОМЕДИЈА ЗА ЖИВОТОТ ВО АВСТРАЛИЈА

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј за македонската заедница ја припреми најновата комедија Доктор жими мајка од Душан Ристевски во режија на Васко Србиновски.
Доктор жими мајка е комедија и пол, со теми од животот на нашите во Австралија. Жими мајка ќе се насмеете и уживате се додека смејалникот (или бешиката) не ви пукни. Да ослепам ако ве лажам – жими мајка не ве лажам, јас сум доктор со тапија од Стари крај. Смеење до солзи – за да си го продолжите животот на овој век.
На Трајан, завалијата, женичката му ја прости Господ, па децата го заборавија дека е жив. Демек беше добар додека им купи на сите куќарина, ги среди за покомотна живеачка. Живее со својата мајка која со мислите е „замината“ по овците во родното село, божем во Австралија ќе има потоп од лагите и омразите. Доаѓа Божик и Нова Година, а децата и внуците си ја пуљат работичката, демек доаѓаат само да му ја земат мизерната пензичка. Но еден ден му се упаљи кецот и се нацрта кај него неговиот внук од Стари крај, учен и преучен до немај каде, доктор специјалист за сите чоечки болести. Дури, ме разбираш, наградуван со ордени од македонскиот пресидател. Е сега, Трајан, нашиот херој, одлучи да поживеј малку откако му се насмеа ксметот (среќата) да запознае млада женичка, демек таа да го догледа на стари години, чунки животот е краток како нозете на змиите, додека го наѕреш тој си заминал по горните или долните сокаци. Ама старите не биле будали кога рекле дека „немој со жена да се инаетиш оти таа ѓаолот може да го пукне“.
Е сега, да дознаете појќе за подвизите на Трајан и неговиот внук, доктор по професија, дојдете да ја пуљите најновата комедија Доктор Жими Мајка, жими мајка нема да згрешите – парите се врашчаат ако не ви се бендиса.

Улогите ги толкуваат: Никола Апостоловски, Владо Сазданов, Јаворка Котевска, Ирена Вељанова, Валентина Апостоловска, Петар Павловски, Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Антонио Нешковски, Васко Србиновски, Стефо Нанцу.

Картите се продаваат по цена од $20, или со концесија $15 и истите ќе можете да ги купите пред самиот влез пред преставите или за повеќе информации и резервација ве молиме јавете се до Душан Ристевски на 0425231335 или dushan@macedon.com

Драмата ќе се прикаже на следните места и време:



ROCKDALE:
Macedonian Cultural Centre “Ilinden”
65 Railway Street Rockdale
Петок, 24 април, 19 часот
Сабота, 25 април, 19 часот
Недела, 26 април, 15 часот

BANKSTOWN:
Bankstown Polish Club
11 East Terrace Bankstown
Петок, 1 мај, 19 часот

 WOLLONGONG:
Portuguese Sports and Social Club
156 Shellharbour Road Kemblawarra
Сабота, 2 мај, 19 часот

QUEANBEYAN:
Macedonian Community Centre
266 Crawford Street Queanbeyan
Сабота, 9 мај, 18.30 часот

NEWCASTLE:
Macedonian Community Centre
14 School Street Broadmedow
Сабота, 16 мај, 18.30 часот

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.