Skip to main content

ПРОМОЦИЈА НА “СТАПКИ ВО ПЕСОКТА“ ОД ЕЛЕЗАБЕТА СТАНОЕСКA

На 6 март во библиотеката “Кочо Рацин“,Кичево, се одржа промоција на книгата, “Стапки во песокта“ од поетесата Елизабета Станоеска.
Промоцијата се одржа по повод денот на жената 8-ми март.
Промотори и рецензенти: Вангелко Лозаноски, Биљана Солунчевска, Златко Бошевски, Марија Никодиновска.

Ова е второ поетско дело на Станоеска, откако во 2007 година ја издаде првата поетска збирка „Шепот под месечината“.
За својата втора збирка авторката Станоеска вели дека е вистински поетски мозаик од љубовта, која е како разгрането дрво со многу гранки, како река со свои притоки,песни преполни со љубов. При промоцијата на оваа книга песни од истата читаа Биљана Солунческа и професорот Ванѓелко Лозаноски и др.
Професорот Лозаноски за авторката на збирката „Стапки во песокта“ рече.
“Овој крај и крајречието на Треска отсекогаш создавале и создаваат плодни творци .Доволно е да го помирисаш здивот на Поречието и да ти се создаде желба за пишување. Еден од тие извори на поетскиот вруток  од овој крај е и авторката на „Стапки во песокта“ Елизабета Станоеска.
Задоволна од промоцијата авторката Станоеска изјави:“Голема благодарност до организаторите, задоволство беше да се биде гостин на толку добри домаќини...благодарам до сите колеги и останатите гости кои ме удостоија со своето присуство. Голема благодарност на професионалното претставување на моето дело и мојата личност од страна на организаторите и уредниците, како и на сите мои колеги кои ги читаа моите песни. Ми го разубавија овој значаен ден. Благодарност и до неколкуте присутни медиуми за интересот да се отпечати делото. Благодарност и до Домот на културата, библиотеката и издавачот Љубители на литература, култура и наука “СВ Висарион“.
Честитки до авторката Елизабета Станоеска, со чие дело се збогатува повеќе македонската книжевност. Честитки и до промоторите, рецензентите за успешно организираната промоција.





Macedonian timeline




Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...