Skip to main content

Posts

Showing posts from May, 2016

БЕЛИОТ КАМЕН

Автор: Виолета Јовановска Посветена на Марија Коцева Кога ја пречекорив границата Не сакај ќ и Барав гнездо да свијам Со топлина да се обвијам Меѓу тополите и врбите И мирисот на липите. Го најдов тоа парче земја Блиску до границата Што ми ги заматуваше очите Го избрав тоа парче земја Да бидам блиску До белиот граничен камен Што не ми дава спокој. Го избрав тоа парче земја

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ! "Зар не паѓа дожд од Бога на сите подеднакво? Или сонцето не свети за сите, исто така? Зар не го дишеме воздухот сите еднакво? Како тогаш не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи и племиња сакате да бидат слепи и глуви? Дали Господ го сметате толку бессилен тоа да не може да го даде, или завидлив, па тоа да не го сака? Со овие зборови Константин филозоф, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил, во 9 век го бранел јазикот пред т.н. тријазичници кои тврделе дека само латинскиот, грчкиот и еврејскиот се свети јазици со кои може да се богослужи. 

ЉУБИЦА ПОПОВСКА СО НАГРАДИ ОД ФОНДАЦИЈАТА ТАКЕЦ

На конкурсот " Битола момо нагиздена " објавена од Фондацијата  Такец , поетесата Љубица Поповска ја доби : GRAN PRI наградата и Прва награда од стручното жири на комисијата. Исто така , Фондацијата Такец на Љубица Поповска и додели специјална награда , Диплома прогласувајќи ја за писател со вонвременска поезија, специјална награда Диплома како промотор и чувар на аманетот,традицијата и афирмацијата на македонскиот јазик.

МЛД “КОЧО РАЦИН“ СО ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ КАЈ ПЕНЗИОНЕРСКОТО ДРУШТВО “БЕРАНЦИ“

На покана од пензионерското друштво"Беранци" од Мелбурн, а по повод Празникот на просветители те  Св.Кирил и Методиј гостуваше Македонското Литературно Друштво "Кочо Рацин од Мелбурн. Уводно излагање и поздрав до МЛД "Кочо Рацин"одржа Симон Петровски а Лилјана Атанасова го прочита рефератот на МЛД за значењето и улогата на делото на св.Кирил и Методи ј . Со своја поезија настапија членовите на МЛД, Крсте Наумовски и Љубица Поповска. Посебно треба да истакнеме дека пензионерите со голем интерес го следеа и рефератот и прочитаните песни.

МЛД "KОЧО РАЦИН" - САЕМ НА КНИГАТА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО АВСТРАЛИЈА Македонското литературно друштво ‘ Кочо Рацин’ од Мелбурн организира Саем на книгата под мотото “ Со љубов кон македонскиот јазик“.  Беа изложени македонски книги, романи, историја, поезија и детска литература. На Саемот присуствуваа градоначалникот на Општината Витлси, Стеван Козмевски, Мери Лалиос од Општината Витлси, Ацо Талевски, истакнат активист во Македонската заедница, Маргарита Василева, Игор Павловски. Програмата започна со рецитирање на поемата Денови на англиски со Гордана Димовска и на Македонски со Крсте Наумовски Мечкар. Специјално за овој Саем од Камбера допатува и Доне Димов кој раскажа за егзодусот, како дете бегалец во Граѓанската војна во Грција. Следуваше рецитирање на детски песни со Шана Јовановска која ги воодушеви присутните со совршеното читање на поеми на македонски јазик,  а потоа писателите и поети  Кочо Крушорати, Нове Младеновски, Виолета Јовановска, Крсте Наумовски Мечкар, Љубица Попов...

КИРИЛИЦА

Бевме петмина годините кога навалија пет страни не'заробија зафатија. Едни отидоа Америка други Австралија и северни страни. Но во иста мисла сме збрани само да си чуеме глас што има ново кај секој од нас. Судбината ни била тоа ете да го носиме македонскиот јазик

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Останаа да бидат патници вечни во ходниците на Историјата. Светли зраци на крајот од тунелот и ширно поле со шепотот на разиграните мисли низ пределите на книгите и псалмите. Со мудроста на азбуката и пишаниот збор како воини на светлината завзедоа и долини и каменити височини и се вгнездија во секој камен и цвет.

ЖИТИЕТО НА СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ЈА ОТВАРА ВРАТАТА НА МАКЕДОНИСТИКАТА

 Нашиот преподобен и голем светец Наум, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Филозоф и Методиј. Ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи се во нивното училиште од делата на свети Григориј Богослов, свети Јустин Филозоф, свети Григориј Неокесариски, свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст, свети Григориј Ниски, Блажен Августин, свети Јован Дамаскин, и подготвувајќи се за големото апостолско дело што го очекуваше. Дејноста на свети Наум е тесно поврзана со мисионерската дејност на светите Методиј и Кирил. Основоположник на Преславската школа, во Бугарија, каде имаше благородна мисија од седум години, со христијанска љубов да го зацврсти братските односи на македонскиот народ со бугарскиот. Свети Наум прераснува не само поборник на Црквата во Македонија, со својот брат Св. Климент Охридски , активен е и во работата на Охридскиот универзитет, каде се просветители учители и свештеници и се развивала македонската книжевност.  Но никој не насетуваше...

МАЈКАТА Е ЖЕНА БЕЗВРЕМЕНА

Автор: Љубица Поповска Жено,мајко во таинствената утроба го носиш својот пород -ранета птицо. Во стомните изградени од ротацијата на денот носиш илјади солзи -болко на еден живот. Жено,жено. Се раѓаше и раѓаш за да носиш во себе и со себе проклетство на илјади усти (судбино на нови рожби родилко,жено,стено) Со тебе и во тебе започнува и продолжува еден живот. И живее едно време. Се наоѓаш вон просторот времен но во пулсот на животот

НАСЕЛУВАЊЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Автор: Љубица Поповска Стапнувам на оваа земја а морници ме полазуваат. Рушевина на столбовите во душата. Пребарувам во мене,за да го смирам хаосот на ѕидовите што се раздвижува. Навлегувам низ олтарот на сништата за да ги смирам моите огнови. Да ја соберам пепелта од душата во урната на минатото.