Романот Егејска солза од Ванѓелко Лозаноски беше промовиран пред голем број присутни гости во СОУ „Крсте Мисирков“ Демир Хисар. Не се доволни неколку минути, не е доволен еден ден, потребни се денови да се говори и да се опише творештвото на проф. Ванѓелко Лозановски. Ова е само дел од неговото творештво, кое е непресушен извор на енергија осветлена со патриотизам и љубов кон Македонија, но пред се кон Демир Хисар. Проф. д-р Менде Солунчески Свое излагање за огромниот придонес на професорот Ванѓелко Лозаноски и осврт кон романот даде Проф. д-р Менде Солунчески „ Егејска солза“ " Почитувани Во рамките на демирхисарското културно лето ДЛКН „Св. Висарион“ денес има несекојдневен настан промоција на најновиот роман на професорот Вангелко Лозановски, Егејска солза, роман кој го разбранува македонскиот дух и испраќа порака на „сенароден соживот“ на овие не само македонски туку балкански простори. Про...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ