Skip to main content

НЕ ПРИФАЌАМЕ ПОТПИШУВАЊЕ НА САМОУНИШТУВАЧКИОТ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА

Macedonian Literary Association
“Grigor Prlichev” of Australia Inc.
Македонско Литературно Друштво
„Григор Прличев“
P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 - Australia

По повод Илинден средба во Сиднеј

Не прифаќаме потпишување на самоуништувачки Договор со Бугарија
По повод македонскиот национален празник Илинден, најсветлиот датум на македонската историја, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј одржа Илинденска средба на 28 јули во просториите на својата Библиотека во Анклиф (Сиднеј).
На средбата после едно минутно молчење им се оддаде почит на паднатите Илинденци, се изнесе важноста на Илинденското востание во борбата на македонскиот народ за самосталност од Турската империја, а посебно за формирање на својата државност. По повод Илинден со своја поезија настапија поетите Марија Александрова, Иван Трпоски, Перо Дамчевски – Коцин, Димче Џајкоски и Душан Ристевски.
На Илинденската средба се одржа и дебата за последните случувања во Република Македонија посебно за донесувањето на нацрт-договорот на Македонија со Бугарија. Се водеше бујна дискусија за тоа како во минатото така и сега политичките структури во Македонија потпишуваат договори и повелби со кои само се отстапува од македонскиот национален интерес и се става во прашање интегритетот на македонската нација. Како пример се изнесе Рамковиот договор со кој им се даде право на албанските терористи да станат дел од македонскиот парламент; се направи остапка со македонското национално знаме во корист на Грција, а со тоа ништо не се доби само се наметна спорот за името. Повторно се сретнуваат старите поробувачи на Македонија – партнери за исто злосторство: Бугарија, Грција, Србија како и новиот партнер Албанија да кројат нови „аршини“ за тотално уништување на македонската држава. Бугарија го следи патот на Грција - повторно се уценува Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
Членовите на Средбата остро го осудија нацрт-договорот, без да се навлегува во детали на задскриените намери на Бугарија кои никогаш не биле јасни и пријателско настроени кон Македонците и Македонија, јасно се гледа дека не се почитуваат македонскиот јазик, македонската нација, а најмалку се почитува македонското малцинство во поробениот Пирински дел на Македонија. Поради таа цел присутните ја донесоа следнава резолуција за заштита на македонската нација:








Резолуција:
Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ и Македонците од Австралија, потпишувањето на таканаречениот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија не го подржуваме бидејќи сметаме дека истиот ќе биде штетен за македонскиот национален интерес.
Причината за донесување на ваква Резолуција е заснована врз главните начела на нашата организација за заштита на македонските национални интереси во светот. Поради тоа ја повикуваме македонската јавност и владата на Македонија целосно да ги разгледа можните последици од неговото потпишување бидејќи истиот преставува капитулација и самоуништување на македонската нација. Потпишувањето на Договорот бара да се откажеме од грижата за македонското национално малцинство во Бугарија и да заборавиме на паднатите херои на кои им се омаловажува нивната борба за самостојност, обединување и ослободување од фашистичка Бугарија. Само да напоменеме дека низ историјата Бугарија секогаш настојувала да не пороби и уништи, а таа политика продолжува и денес и да се запрашаме која е целта на бугарските историчари кои се толку многу „загрижени“ за „заедничката историја“ па бараат посебна одредба во Договорот.
Доколку Бугарија сака да има добрососедство тогаш како прв нивни чекор треба да биде признавање и почитувањата правата на Македонците во поробениот дел на Пиринска Македонија и да не подржи, а да не не уценуваат за влез во ЕУ и НАТО.
На крајот на Средбата присутните едногласно изјавија со апел до сите Македонци каде и да живеат и оние  кои живеат во поробените делови на Македонија да застанат во заштита и одбрана на македонскиот јазик, македонската историја, идентитетот и култура.
Душан Ристевски

Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.