Wednesday, August 23, 2017

ПРОМОЦИЈА НА ЕГЕЈСКА СОЛЗА ВО ДЕМИР ХИСАР

Романот Егејска солза од Ванѓелко Лозаноски беше промовиран пред голем број присутни гости во СОУ „Крсте Мисирков“ Демир Хисар.  
Не се доволни неколку минути, не  е доволен еден ден, потребни се денови  да се говори и да се опише творештвото на проф. Ванѓелко Лозановски. Ова е само дел од неговото творештво, кое е непресушен извор на енергија осветлена со патриотизам и љубов кон Македонија, но  пред се кон Демир Хисар. Проф. д-р Менде Солунчески
Свое излагање за огромниот придонес на професорот Ванѓелко Лозаноски и осврт кон романот даде Проф. д-р Менде Солунчески „Егејска солза“
 "Почитувани Во рамките на демирхисарското културно лето  ДЛКН „Св. Висарион“ денес има несекојдневен настан промоција на најновиот роман на професорот Вангелко Лозановски,  Егејска солза, роман кој го разбранува македонскиот дух и испраќа порака на „сенароден соживот“ на овие не само македонски туку балкански простори. Промоцијата на романот ќе ја реализираат рецензентите.

Сепак јас  како долгогодишен член на ДЛКН „Св. Висарион,  а негов претседател е проф. Ванѓелко Лозановски, ќе дадам еден краток осврт на придонесот на професорот во областа на науката, литературата и културата  на македонските простори преку ДЛКН „Св. Висарион,   и заедничката соработка во самото друштво,  но и  со останатите НВО  во развојот и промоција на општина Демир Хисар на научно. литературно и културно поле тука, во Р Македонија  и во дијаспората.
Во делот на науката Ванѓелко во рамките на ДЛКН „Св. Висарион,  ги поставува основите  со капиталните дела: Македонски код и Свети Климентовиот универзитет.
Македонски код укажува дека сите историски извори  напишани, матријални и усни, поврзани со етнологијата и лингвистиката народните традиции облека, музички инструменти, покуќница и фолклорот ја обелоденуваат историската вистина во светлината на континуитетот на автентичен македонски идентитет низ вековите. Сите историски факти со кои располага македонската и светската наука говорат за историскиот континуитет на македонците од древен период, средновековен и современ.
Свети Климентовиот универзитет го истакнува значењето на овој Прв европски универзитет, според Ванѓелко. Тој во своето дело ќе подвлече книжевниците, просветителите и научниците од универзитетот во Охрид, дадоа не само учебници за школите во словенскиот свет, туку поставија основа за научни дисциплини кои ги подигнаа словенските народи во светската цивилизација. Свети Климентовиот универзитет е предмет на проучување на  многу научници од словенскиот свет и од Македонија...Лозаноски прави похрабар чекор и навлегува дури во програмата и наставните предмети на универзитетот како основа за современите универзитети.
На демирхисарско тло од негово перо е излезена Слепчанскиот книжевен и уметнички центар, каде Слепечкиот манастир го издигнува на највисоко ниво во рамките на  Македонските, Словенски и светски културни и книжевни центри. Од тука  пороизлегува и самото име на ДЛКН „Св. Висарион каде во 16 век работел најплодниот монах и книжевник Висарион Дебарски.    Патриоризмот и љубовта кон Македонија е движечки мотив и сила која го воздига и одржува во научната, културната и литературната свера. Делото  за Јордан Пиперката и за Крсте П. Мистрков се потврда за тој дух.  Проф. Вангелко е основач и организатор на Мисиркови денови во Д.Хисар, односно „Денови на светлозрачното дело на Крсте Мисирков, за родната Македонија “, манифестација која се одржува на 23 декември секоја година токму тука  во СОУ Крсте П. Мисрков.
Во делот на науката забележителни се нашите заеднички реферати на МСУ на 2 и 3 МНК: Визијата и мисијата на светите браќа  Кирил и Методиј Солунски основа на културниот развој на славјанството и Визијата на Крсте Мисирков за македонскиот јазик како јадро на словенската писменост. Пред МНД  во 2015 година настапивме со научниот труд „Седумдесет години настава на македонски јазик во демирхисарско„ кој проект е во фаза на разработка до монографија во наредниот период, и секако имавме координирано излагање со поврзани реферати на научниот симпозиум организиран од градоиначалникот на општина Демир Хисар во 2013 година за Брсјачката  буна, односно востание како што миулува да ја вреднува проф. В. Лозановски.
Во рамките на културата и литературата континуирано е активен на територијата на општина Демир Хисар, но и пошироко во Р.Македонија.  Тој  преку ДЛКН „Св. Висарион,    е идеен творец и заеднички организатор со ЛК Изгрев на „Манастирско поетско ехо“ во манастирот Св. Богородица, во Суводол  кое иако е релатиувно нов културен настан од неколку години  во моето истражување се наметна како Трет најзначаен културен настан  во општина Демир Хисар во текот на годината. Моја чест е тука двете НВО да ме постават за главен и одговорен уредник  во креирање на производот на овој настан: книгата со поезија „Манастирско поетско ехо“.
Професорот Ванѓелко е редовно наш активен учесник со свои предавања на маршевите кои ги организира ОРО Демир Хисар повеќе од 10 години на дестинациите во: Растојца,  Брезово и Смилево, каде основна цел е културна, револуционерна и природна  промоција на општина Демир Хисар пред учесниците  на маршевите кои се од регионот, Р. Македонија и дијаспората се со цел развој на туризмот во Општината. 
Професорот Ванѓелко е неуморен и на полето на литературата. Последните неколку години романсиерството е негова јака страна.  Тука се најновите остварувања романите: Единствена љубена и секако безвременскиот роман досега издаден во две книги  на македонски и грчки јазик  Егејска солза.
Не се доволни неколку минути, не  е доволен еден ден, потребни се денови  да се говори и да се опише творештвото на проф. Ванѓелко Лозановски. Ова е само дел од неговото творештво, кое е непресушен извор на енергија осветлена со патриотизам и љубов кон Македонија, но  пред се кон Демир Хисар. 
Безвременскиот роман Егејска солза, со неговата универзална порака „Иднината е во соживот на народите“   преку  организирана промоција од страна на општина Демир Хисар ја промовира и општина Демир Хисар во отворена општина како подржувач и катализатор на културата и љубителите на култура на овие простори." Проф. д-р Менде Солунчевски

За значајноста на ова дело доволно зборува и рецензентот на Егејска солза , Соња Змејковска
Професор Ване Лозаноски... поет, писател, деец кој ја збогати македонската книжевна ризница со бесценети научни трудови... Човек посветен на својот народ, на таковината. Човек - МАКЕДОН во најсуштинска смисла на зборот. Импресивно е што покрај бројните научни дела и драми за Македонија, ги има напишано и неговите три романи Единствена љубена и Егејска Солза, прва и втора книга.
Романи навидум лесни за читање, во почетокот но потешки од каракамења, кои блескаат со единствена македонска мудрост, љубезност и истрајност. Романи со длабока психолошка аналитика, подлабока и од водите на Бајкалското Езеро. А токму водата е најчистото, најмистичното, најмагичното и најсветото нешто кое Универзумот му го дарил на човештвото. Ако треба да се огледате за да видите кои сте, не барајте ги огледалата - огледајте се во делата на МАКЕДОН Ване Лозаноски.
Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment