Кога
почна да се занимaваш со музика и која е твоја прва песна?
Јас почнав да се
занимавам со музика, поточно со македонската песна преку фестивалите во
Австралија од 1998 година. Пеев во македонската музичка група
"Милениум" од 1999а година.
Мојата прва песна беше мојата
компонирана песна" Љубовта била лага"
Како
се роди љубовта кон песната?
Песната од кога памтам ми беше
поврзана со мојот карактер.Нашата куќа дури растев беше стално полна со
македонска песна. Јас слушав песни со саати на радио, ленти, плочи или видео.
Песната беше мојата љубов и хоби. Мајка ми има прекрасен глас и стално беше
распеана кога работеше низ кујната или на домашни слави. Мајка ми исто така е
позната во нејзиното родно село Бучин и уште од млади години била поканета на
аудиција за пеење во Скопје. За жал татко ми не и дозволил да оди на таа
аудиција инаку верувам дека ќе беше многу популарна. Затоа ете во мене се
роди таа љубов кон македонската песна и го правам тоа што не можеше мајка ми.