Skip to main content

Posts

Showing posts from September, 2018

ЗА ЖИВОТОТ

Во својот живот човекот сретнува многу луѓе. Но само правите пријатели оставаат трага во неговото срце.   Лутината е тенко поврзана со опасноста. Ако некој еднаш те изневери, вината е негова; Ако некој те изневери повеќе пати, вината е твоја. Бистрите луѓе дискутираат за идеите; Просечните луѓе дискутираат за она што секојдневно се случува; Необразованите луѓе дискутираат за други луѓе. Кој изгубил пари, изгубил многу; Кој изгубил пријател, изгубил многу повеќе; А оној кој изгубил вера и надеж, изгубил сè.

ВЕЗ

Силно светат, паѓаат Тивко, нежно Да не ја вознемират И прекинат таа нишка, Ја осветлуваат твојата вредна рака Конци црвени, црни И ред други бои Ти не знаеш за мака Продолжуваш да везеш Твоето срце полно со љубов Кој би можел тебе да не те сака?

ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА ВО МЕЛБУРН

Мелбурн е познат по виното, храната, големиот број на кафе ресторани, град како најдобро место за живеење во светот а исто така се нарекува и град на фестивалите. Во овој петмилионски град се одржуваат голем број на фестивали од различен карактер а најчесто фестивали на хр аната каде многубројните етнички групи си ги презентираат своите традиционални јадења. Македонскиот фестивал на храната кој започна пред седум години зазема посебно место во календарот на фестивали. Волонтерите, членови на македонски друштва во склоп на организацијата MACO чиј основач, претседател и организатор на фестивалот е Лидија Нешковска, со голем ентузијазам и љубов кон македонската традиција придонесуваат се повеќе од година во година да прерасне во десетте најпосетувани фестивали во Викторија. Често се заприметува традиционалнта народна носија и фотографии од фестивалот објавени и во австралиските медиуми кои ги следат ваквите настани каде се слави храната, се почитува традицијата на еден народ. Дат...