Wednesday, September 26, 2018

ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА ВО МЕЛБУРН

Мелбурн е познат по виното, храната, големиот број на кафе ресторани, град како најдобро место за живеење во светот а исто така се нарекува и град на фестивалите. Во овој петмилионски град се одржуваат голем број на фестивали од различен карактер а најчесто фестивали на храната каде многубројните етнички групи си ги презентираат своите традиционални јадења.
Македонскиот фестивал на храната кој започна пред седум години зазема посебно место во календарот на фестивали. Волонтерите, членови на македонски друштва во склоп на организацијата MACO чиј основач, претседател и организатор на фестивалот е Лидија Нешковска, со голем ентузијазам и љубов кон македонската традиција придонесуваат се повеќе од година во година да прерасне во десетте најпосетувани фестивали во Викторија. Често се заприметува традиционалнта народна носија и фотографии од фестивалот објавени и во австралиските медиуми кои ги следат ваквите настани каде се слави храната, се почитува традицијата на еден народ.
Датум: 28 Октомври, 2018
Почеток: 10.00 часот наутро
Место: Footscray Park
Ве очекуваме!

Фестивалот оваа година покрај одличниот избор на храна, ќе приреди богата културно уметничка програма. Освен играорни групи од Викторија ќе допатуваат и пет друштва од Сиднеј а минатата година настапија и играорци од Аделаид. Бидете спремни да чуете многу убави македонски песни од наши талентирани пејачи, штанд со голем избор на книги за деца и возрасни, активности за деца и многу други изненадувања кои може да ги приреди само Македонскиот фестивал на храната.
Храната ги зближува луѓето, а фестивалот е вистинско место и за дружење, забава, воспставување комуникација и соработување со поединци и групи, единство и обединување.
 Ова е настан кој Македонците во Австралија со радост го очекуваат затоа што е најуспешен во презентирање на вкусната македонска храна, фолклор, литература и се македонско. Не двоумете се да бидете дел од овој најголем и најуспешен македонски фестивал. Традицијата не згаснува, само продолжува. Македонија е непресушна ризница од која наследивме многу и имаме што да прикажеме во светот.
Македонската организација на Заедницата (MACO) ги поканува сите кои сакаат да презентираат се македонско да се јават на macocommunity@outlook.com.

Each country has its own specific cuisine that is closely related to the culture and customs of a particular nation with his life and habitat. And while in today's globalized world we can easily spot french fries and pizza everywhere, and spices are no secret to anyone, every country keeps its culinary traditions. Besides cultural and historical attractions, every country can discover a number of culinary treasures, so is Macedonia. This year, the official Macedonian food festival Melbourne (will be held at Footscray park) once again is a place where you can experience the taste of tradition, have a bite of the popular burek, maznik, kifli, delicious sweets and other traditional food.
There will be many dancing groups from Victoria and five from Sydney and more to be announced soon. Don't hesitate to come along and enjoy this beautiful event which offers a lot more than you can imagine.
Date: Sunday 28 October
Time: 10.00 am
Venue: Footscray Park
See you there!






Macedonian timeline

No comments:

Post a Comment