Skip to main content

Posts

Showing posts from August, 2022

НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НАЈНОВОТО ДЕЛО „РАСЧЕРЕЧЕНИ ДУШИ МАКЕДОНСКИ“

"И не само што на повеќето ликови во расказите им се черечи душата,  се черечи и мојата душа. Под притисок на годините носталгијата се почесто извира од потсвеста и се вгнездува во мислите, чепка по емоциите и ги исполнува соништата . - Нове Младеновски  Класичната Австралијска печалбарска шема “одам на неколку години, ќе спечалам пари и ќе се вратам во Татковината“ одамна е исчезната. И тие што планирале да останат само неколку години и оние што мислеле да останат подолго време, скоро сите останале за секогаш. Низ времето печалбарската приказна се трансформира во современа емигрантска приказна. Првите неколку имигрантски години, по почетните културолошки, јазични и финансиски шокови, се години на учење на правилата на системот, учење на Англискиот јазик, пронаоѓање на нови пријатели, отпочнување на нов социјален живот, барање работа, барање сместување, и уште многу ситни и крупни нешта. По овој период настапува рутина - на работа па дома. Утредента, пак исто дома па н...

ЗА ГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО ДЕЛО

„Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, а кој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучиш спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја.“ Марк Твен   Лесно е да се одлучи што е добро а што лошо но некои го избираат лошото заради тоа што личните интереси им се поважни од нацијата. Оној што поседува најдлабоко чувство кон духовното, културното, историското и други вредности на својата татковина не може никогаш да ги стави личните интереси пред националните или интересите на одредена групација, партија.Тоа е чувство на патриотизам кое доаѓа од срцето, и не може да се научи. Таквите луѓе секогаш се стремат да направат нешто повеќе, да се надминат себе си, да направат големи дела за татковината.