Skip to main content

НОВЕ МЛАДЕНОВСКИ ЗА НАЈНОВОТО ДЕЛО „РАСЧЕРЕЧЕНИ ДУШИ МАКЕДОНСКИ“

"И не само што на повеќето ликови во расказите им се черечи душата,  се черечи и мојата душа. Под притисок на годините носталгијата се почесто извира од потсвеста и се вгнездува во мислите, чепка по емоциите и ги исполнува соништата. - Нове Младеновски 

Класичната Австралијска печалбарска шема “одам на неколку години, ќе спечалам пари и ќе се вратам во Татковината“ одамна е исчезната. И тие што планирале да останат само неколку години и оние што мислеле да останат подолго време, скоро сите останале за секогаш. Низ времето печалбарската приказна се трансформира во современа емигрантска приказна.

Првите неколку имигрантски години, по почетните културолошки, јазични и финансиски шокови, се години на учење на правилата на системот, учење на Англискиот јазик, пронаоѓање на нови пријатели, отпочнување на нов социјален живот, барање работа, барање сместување, и уште многу ситни и крупни нешта. По овој период настапува рутина - на работа па дома. Утредента, пак исто дома па на работа, и така во недоглед. Во меѓувреме си правите планови за иднината на семејството. 

Австралија има стабилен општествен систем. На сите новодојдени им пружа исти шанси за успех. Тргнувате од материјалното дно па угоре. По 10-15 години, кога ќе се присоберете и заседнете ќе се запрашате до каде сте.

До каде ќе стасате на скалилото на материјалните вредности зависи само од вас – од вашата способност за прилагодуваање, од вашата умешност, интелегенција,  и беспрегорна работа.

Некои остануваат запечени или залепени за дното, некои фаќаат чекор со средната класа а мал број фаќаат ритам со високата класа.

Низ тие години паралелно со материјалната компонента, духовната (менталната) компонента на емигрантите може да оди во два правца.

Може да се остане неприлагоден, со слаб или никаков Англиски, негативен кон опкружувањето, ментално зачмаен и растргнат од носталгијата. Велат дека ова е одраз на страв од новото и од неизвесноста... Најчесто ова состојба води кон скромен и сиромашен живот.

Спротивно на овој профил на неуспешен имигрант, може да го совладате Англискиот, да ги научите и почитувате правилата на системот, да постанете почитуван од вашете најблиски соседи , ценет и успешен на работното место. Со еден збор да се чувствувате “дома“ во новото Австралијско дома. Што е потребно од духовен аспект да вложите или да понудите за тоа да го постигнете? Во неколку раскази во книгава што е пред вас токму духовниот аспект на македонската имиграција е во прв план – силно нагласен.

Традиционалните семејни вредности, почит кон верата, коректност кон другите, поштеност, лично усовршување и успехот на децата на училиште се нештата кои се високо ценети во Австралијското општество.

Никој нема да ви замери ако држите до својата традиција, до својата вера, го негувате својот јазик и својата култура. Ова  ви е, на некој начин, вашата духовна онова. Англо-Саксоните лесно ги препознаваат поединците од другите етнички заедници кои се трудат да бидат поголеми Англичани од самите нив. Тие се алергични на овие неуспешни копии. Нашинците што останале со лош англиски, закоравени, зачмаени, и заробени во своето минато остануваат крајно маргинализирани. Истиве овие вредносни норми кажани за поединецот важат и за семејството и за целокупната  македонска Заедница.

За втората генерација – нашите деца и нивното привикнување во Австралиското општество за мене лично е емоционално болна тема.  Несомнено е дека квалитетен и здрав семеен живот, осознавањето на своите етнички и културни корени, и практикувањето на јазикот на родителите, на децата им помага полесно да си го најдат своето место во Австралијското мултинационално општество.

Најлошо поминуваат децаta на кои родителите не им кажалe за корените. Остануваат некритички кон туѓите културни вредности, се срамат од своето, бегаат од тоа што се и се преправаат дека се она другото. Најчесто се лоши и неуспешни копии од етничките Англичани.

Во книгата постојат и неколку раскази од современиот емигрантски живот во Австралија и врските со Македонија.

И не само што на повеќето ликови во расказите им се черечи душата,  се черечи и мојата душа. Под притисок на годините носталгијата се почесто извира од потсвеста и се вгнездува во мислите, чепка по емоциите и ги исполнува соништата. Ако животот го представиме со една одсечка на временската оска напред останува се помалку а минатото се по доминантно. Иднина се помалку - минато се повеќе. Назад во детството и во минатото никој не се вратил а иднината е се пократка и се повеќе обременета со болести, истоштеност и немоќ.

Со сопругата често дискутираме што со себе? Блиску сме до пензија. Првата половина од денот, посебно при утринското кафе, зборуваме за враќање назад во Македонија. Материјално сме ситуирани и сигурно би имале мирна старост меѓу својот народ. Посакуваме да го завршиме патот (своето постоење) упокоени до нашите родители, дедовци и прадедовци.

Попладнето, обично по телефон ни се јавуваат внуките. Со своето  милозвучно “дедо те сакаме“ и “баба те сакаме премногу“ го топлат срцето. Со нетрпение чекаме да дојде викенд и да се дружиме со нив. Овие две волшебни зборчиња дедо и бабо излезени од нивните устиња ги прават беззначајни нашите утрински соништа и дебати за враќање назад во Татковината.

И Македонија сме ние,  а во исто време, и нашите две деца и трите внуки сме ние – јас и сопругата. Со други зборови:  наутро сме со умот во Македонија, попладне сме на линија со потомството – она што го создадовме и што нема цена.

И така, од ден на ден сме измачувани од истата дилема. Да одеше Господ по земја ке го прашавме  за совет...

Во книгата има и два мои осврти и тоа  на книгaта "Лавиринт на вистината" од Оливера Јовановски, и на драмата “Остави ја свеќата да гори“ од Душан Ристевски од Сиднеј. Во овие два осврти детално се анализирани горе дотакнатите елементи од печалбарскиот живот.

 



Фотографии од промоцијата на Расчеречени души македонски на 22 јули 2022, во Галеријата 
при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци

Nove Mladenovski's new book "Macedonian crushed souls" has been promoted for the first time in Kavadarci - Macedonia on 22.7.2022. "And not only most of the characters in the stories have their souls crushed, so is my soul. Under the pressure over the years, nostalgia is coming out subconsciously and nestles in the thoughts, emotions and dreams."


Macedonian timeline - Australia 

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.