Skip to main content

ЗА ГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКО ДЕЛО


„Секој човек за себе мора да одлучи што е добро а што лошо, кој правец е патриотски, а кој не е. Не можеш да се извлекуваш од тоа, а да бидеш човек. Да одлучиш спротивно на своите убедувања значи да бидеш предавник, на себе си и на својата земја.“ Марк Твен

 Лесно е да се одлучи што е добро а што лошо но некои го избираат лошото заради тоа што личните интереси им се поважни од нацијата. Оној што поседува најдлабоко чувство кон духовното, културното, историското и други вредности на својата татковина не може никогаш да ги стави личните интереси пред националните или интересите на одредена групација, партија.Тоа е чувство на патриотизам кое доаѓа од срцето, и не може да се научи. Таквите луѓе секогаш се стремат да направат нешто повеќе, да се надминат себе си, да направат големи дела за татковината.

 Па така се случи едно големо дело на 2-ри август 1903, и како силен оган ја осветли Македонија. Организирано од ВМРО, Илинденското востание, и ден денес претставува голем историски настан за една мала земја. Испишани се безброј страници од странски патописци кои во тоа време престојувале во Македонија и биле сведоци на самиот настан

 Август Крал, австриски конзул во Битола, претставува еден одретките сведители што пројавиле посебен интерес и доблест аргументирано да ја пренесат до својата влада вистината за она што се случувало во неговиот регион, и за Организацијата и за востанието. Тој, меѓу другото, пишува и тврди дека тука, „Навистина се работи за едно востание, прво во Македонија, кое треба сериозно да се сфати.Тоа е излив на незадоволството на еден цел народ,тоа е повик за помош на едно длабоко угнетено население кое се бори за слобода и за уредени прилики. Востанието тука е речиси општо, го опфаќа скоро целиот словенски дел на вилаетот. За одвивањето на востанието во Битолскиот вилает во светот се шират најлажни вести. Љубовта кон вистината, а не пристрасноста во прилог на христијаните, ме принудува да констатирам, сосема спротивно на гледиштата што  ги застапува печатот и со такво задоволоство , дека постапката на востаниците беше хумана и лојална а постапката на турците, варварска и свирепа .Тоа што првите не ги фаќаа своите противници со ракавици спаѓа во доменот на Револуцијата.“

 За востанието пишувал и  познатиот грчки истражувач Цорбазоглу (извештај од 27 март 1904 г.). „Востанието во земјата  е многу подлабоко и пошироко отколку обично се мисли. Во врска со драмата во Крушево, тој додал дека „православните Грци , како што не убеди поранешниот пелагониски митрополит, соработуваа со четите врз братски ослободителен дух.“

 Велика Британија и Франција, па и Италија во извесна мера, поинаку гледале на настаните во Македонија. Грофот Ленсдаун сметал дека Европа повеќе не треба да остане индиферентна кон настаните во Македонија. Тој предлагал преземање средства што ќе ја окончаат „жалната“ положба во Македонија. Големата саможртва на востанатиот народ, жестокоста со која османлиските власти го задушиле востанието, предизвикале сочувство и жалење кај пошироката јавност на Европа и на Америка. Биле формирани разни македонски комитети што ја ширеле вистината за Македонија и собирале помош за настраданото население. Во тие акции учествувале и некои славни имиња на епохата: Лав Толстој, Ана-тол Франс, Виктор Берар и други.

 Помошта стасувала од повеќе земјина Европа и од Америка, но посебно место во историското помнење на македонскиот народ има помошта испратена од англискиот народ. Во акцијата за спасување на луѓето што останале под ведро небо, како да учествувало целото англиско општество. Секретарот на Комитетот запомош, Хенри Ноел Брејлсфорд, заедно со својата сопруга, пристигналво Битола во октомври 1903 година лично да раководи со распределбата на помошта. Балканскиот комитет продолжил да испраќа помош и вотекот на целата 1904 година.

 Со ова се зацврсти свеста кај народот во однос на македонскиот простор како одделен кој е сопственост на народ со славно минато, народ кој се жртвува да обезбеди слобода,самостојност  и пристоен живот во своите граници. Силниот одек на Илинденското востание ги разубеди сите монархии во светот кои сметаа  дека македонскиот народ не е способен за вакви големи дела. После Втората светска војна направени се големи материјално штети, уништување на животи, прогони, но и  менување на чувства и погледи во политиката и науката при конституирање на македонскиот национален субјект.

 Такви појави секогаш имало, а се присутни и денес. Па не е за чудо што  “се родија“ куп  предавници, луѓе без идеал, луѓе кои го изгубиле чувството за припадност и без срам излегуваат во јавноста да и кројат ново име на Македонија и со тоа се ставаат во служба на јужниот сосед. Кај некои навистина исчезнала грижата за заштита на македонските национални интереси!

 Тешко извојувани придобивки кои секој Македонец треба безусловно и континуирано да ги брани како од внатрешните така и од надворешните посегнувачи. И се што се случуваше вчера, денес и утре, пишува нови страници, пишува нова историја. И со тие страници ќе треба да се гордеат наредните поколенија како што ние се гордееме и укажуваме на големите дела на  нашите претци.

"За големото македонско дело" - Гордана Димовска/ објавено во Македонска нација 18 јули 2012

Gordana Dimovska (Za golemoto makedonsko delo) 






Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.