Автор - Оливер Крстевски Зошто дојде како да е мода Да се оди преку големата вода За печалба, пуста и тешка Се прави страшна грешка. Да се кине срце на мајка А не живот како од бајка Да ве гледа во нејзин двор А вака не можи да изусти збор. Солзи рони, на гради грутка Ах сега да беа тука Да има за кого зелник да месам Вака сама крај оган, а се тресам. Само слушам гласови и шумови Ете, идат по нашите др умови! Но, од сон ме будат кучиња Збунето(а), не биле моите внучиња.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ