Зошто дојде како да е мода
Да се оди преку големата вода
За печалба, пуста и тешка
Се прави страшна грешка.
Да се кине срце на мајка
А не живот како од бајка
Да ве гледа во нејзин двор
А вака не можи да изусти збор.
Солзи рони, на гради грутка
Ах сега да беа тука
Да има за кого зелник да месам
Вака сама крај оган, а се тресам.
Само слушам гласови и шумови
Ете, идат по нашите др умови!
Но, од сон ме будат кучиња
Збунето(а), не биле моите внучиња.
Не можам повеќе да се борам
И жива во оган да горам
За кого да живеам јас тука
Мајкино срце ќе престане да чука.
Џабе после куќи и палати
Кога ниту еден нема да се врати
И споменици и цвеќиња на гробот
Кога нема овде, кој да го продолжи родот.
За мајка, стара куќа е палата
Само да има кој да крца врата
За бадник крај огниште да седам
И со вас питулици да си редам.
Дај боже сториме силна птица
Да ги видам нивните лица
Да ја прелетам "Големата Вода"
И прегрнам за последно, најмилата рода.
8/01/2023 Крстевски Оливер Поешево Битола
No comments:
Post a Comment